• Latest

Еден сее, друг жнее!

October 31, 2017

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Еден сее, друг жнее!

October 31, 2017 14:23
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Анализирајќи ги последните локални избори во Република Македонија и резултатите од гласањето, неопходно е да се вратиме две години назад, за конечно да им се разјаснат работите на оние на коишто сѐ уште не им е јасно, и да се наречат работите со вистинското име. Во интерес на понатамошното следење на движењето на општествено политичките настани, коишто, насетувам, ќе бидат уште поинтересни во смисла на одмотување на едно многу замрсено коалициско клопче.

пишува: Дијана Тахири

Ќе почнам со едно прашање, за целата јавност, без исклучоци: Дали навистина мислите дека во Македонија конечно се случи неетничко гласање?

Можеби. Ако се земе предвид дека тоа беше задача којашто им ја поставија коалициските партнери на своите гласачи. Што значи дека тој дел од гласовите беше од утилитарно опортунистички карактер, во смисла – ќе се согласиме денес дека сме си потребни едни на други, за „општо“ добро и подобрување на општествената слика пред слепите при здрави очи – таканаречени, самопрогласени суперпознавачи на граѓанското чувство и делување по тоа чувство. Секако, ќе бидеме фалени и воздигнувани од одредени „брендови“ на опинионмејкери, дека конечно го постигнавме она што го почнавме пред, и дефинитивно на 17 мај, 2015 година, кога на општонародниот повик од г. Заев за  масовно  присуство на улиците на Скопје, односно пред „ружна ви е владата“, се приклучи навистина импресивна маса граѓани. Не толку импресивна во однос на бројката, колку што беше огромна позитивна општествена енергетска инекција врз улиците на градот, во однос на шаренилото од мултиетничноста. За мене, тоа што се случи тој ден, беше вистинската Шарена Револуција. Ако се случи нешто од историска важност во Македонија, во последниве неколку години, тоа беше токму 17 мај. Последиците на сѐ што следеше по тој ден, ги живееме во форма на секојдневна ( за еден дел од граѓаните) горчлива порција на реалноста наречена „конечно демократска и слободна Македонија“. За случувањата, одлуките и резултатите од тие одлуки, знаеме по лично доживување на истите, и од мноштвото ставови искажани што во форма на колумна, што во форма на дебата или на монолог.

Македонија нема да биде слободна ниту откако ќе се санкционираат злосторниците од ВМРО-ДПМНЕ, чиишто апсења нетрпеливо се очекуваат од граѓаните, небаре со нивното апсење ќе се среди состојбата во земјата. Да, санкциите се повеќе од неопходни, затоа што секој  што ги прегазил законите и газел по достоинството на граѓаните, треба да одговара пред законот. Звучи школски, но во суштина, тоа е тоа. Со посебен акцент на СЕКОЈ. Причината зошто Македонија нема да биде слободна ниту откако ќе се санкционираат злосторниците од ВМРО-ДПМНЕ, е во акцентот погоре. Во земја каде што претседател на Собрание е Талат Џафери, а за градоначалник на една од општините на главниот град се кандидира Јохан Тарчуловски, не може да има слобода, но секако дека од одредени групи ќе се нарече демократија. Собрание составено од криминалци, е Собрание на меѓусебно избрани. Држава со граѓани растргнати меѓу себе и партијата, не е држава. Граѓани што не гласаат за себе, се само бројка…

 

Tags: ЗаевизбориМакедонијапоследициСобраниеТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ