• Latest

Ертунч: „Фиктивно општество без комуникација!“

February 25, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ертунч: „Фиктивно општество без комуникација!“

February 25, 2017 21:58
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во „Галерија 7“ во Скопје, од денеска до 11-ти март, ќе биде поставена изложбата „Политички коректни“ на младиот уметник Сали Ертунч. Станува збор за дваесет репетитивни портрети во чиј фокус се ставени младите луѓе кои веруваат дека игноранцијата е вистинскиот избор, забораваат на комуникацијата, навикнувајќи се на таквиот живот и замолчувајќи засекогаш.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со младиот Ертунч за идејата и мотивите на овие дваесет портрети, како и за улогата на уметниците во општествениот живот.

Сали Ертунч, уметник

ЦИВИЛ Медиа: Од каде потекнува инспирацијата за една ваква изложба?

ЕРТУНЧ: Изложбата „Политички коректни“, почна само како дудл на почеток, но тогаш, прерасна во еден експеримент со линија, а потоа, по направените први цртежи, решив тематски да ги разработам сите цртежи. На почеток сè си беше поинтиутивно, без размислување, само со повлекување на линиите. Но, отпосле забележав за што станува збор на цртежите. Да, и ден-денес си имам тешкотии околу темата. Не можам поточно да зборувам за што станува збор, но знам дека сите цртежи се поврзани со темата – политичка коректност.
Првите зборови кои што ја опишуваат цела ова изложба се: поради нејасната дефиниција и различното толкување на етиката и моралот во едно општество, се појави нова генерација на млади луѓе коишто се одлучија да не комуницираат повеќе, за доброто на целото општество. Тоа се првите и последните зборови за сите цртежи. Почетокот и крајот на целата изложба. 20-тина цртежи и неколку слики ќе бидат доволно за пренесување на приказната за ова фиктивно општество.

ЦИВИЛ Медиа: Зошто „Политичка коректност“?

ЕРТУНЧ: Темата ми е мошне неолиберална. Само неолибералите и сите други квази-неополитички напнати луѓе би биле мои карактери на цртежите… Политички коректни. Кога ќе слушнам такво нешто знам дека тоа е само за документите. Човекот е емпатично суштество. Нашиот мозок е навикнат да повторува некои мимики. Како, на пример, со зевањето. Кога ќе видиме некој да го прави тоа, и ние, „автоматски“ зеавме. Истото важи и за емпатијата. Кога ќе видиме тажен човек, не можеме да бидеме среќни, туку ја споделуваме тагата со него. Тоа е човечки. Додека политичката коректност е само за документи и е создадена за зачувување на взаемни интереси. Како на пример, не – дебела жена, туку – крупна жена. Тоа е како блага пцост. Пцуеш некого, а тој не се навредува.
Затоа отидов до некоја радикална ситуација и го нацртав фиктивното општество што престанува да комуницира и да евоулира. Сè со цел да се зачуваат взаемните интереси.

ЦИВИЛ Медиа: Имаат ли уметниците влијание врз промените општеството?

ЕРТУНЧ: Секако дека уметниците (ликовни уметници, музичари, актери, поети…) играат огромна улога во општествените промени. Тие се првите интелектуалци на едно модерно општество. Низ историјата на уметноста има доста примери на уметници кои што придонеле многу за општествените проблеми. Почнувајки од Малевич и неговата слика „Црн квадрат“, направена на 1915-та година, која придонела многу за да се случи Октомвриската револуција во Русија во 1917 год. Јас не се залагам за некоја општествена револуција, ниту пак давам решение на поставениот проблем. Туку, само сакам да им држам огледало на луѓето за да ги сфатат работите. Можеби не е добро што не нудам некое решение на проблемот, но барем можам да го свртам светлото кон проблемите.

Маја Ивановска

Tags: „Политичка коректностизложбапортретиСали Ертунчуметност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ