• Latest

Кадриу: Партиите на Албанците можат да спречат уставни опструкции!

January 31, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кадриу: Партиите на Албанците можат да спречат уставни опструкции!

January 31, 2017 17:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Aлбанските политички партии во Македонија можат да ги соберат потписите од пратениците кои ги верификуваа мандатите и да го известат СДСМ, дека е создадено парламентарното мнозинство со минимум 61 пратеник. Потоа, ќе го известат претседателот Ѓорге Иванов дека има парламентарно мнозинство. Тогаш претседателот е должен да го даде мандатот на оваа коалиција“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, професорот д-р Осман Кадриу, посочувајќи на оваа уставна можност, со која би се превенирале евентуални опструкции во однос на постапката за формирање влада.

Професорот д-р Кадриу е дециден дека по враќање на мандатот од Никола Груевски, претседателот на државата Иванов, веднаш треба мандатот да го предаде на партијата со најголем број пратенички мандати по ВМРО-ДПМНЕ. Поточно на СДСМ, која што има 49 мандати, или само два помалку од партијата на која првично ѝ беше доделен мандатот. Но, ако тоа Иванов не го направи, тогаш, со еден потег на партиите на етничките Албанци, може да се превенираат какви било пречки.

„Ако и во ваква ситуација, претседателот Иванов не го предаде мандатот на формираното парламентарно мнозинство, има решение. Тоа парламентарно мнозинство ќе бара да се свика седница на Собранието, со која треба да претседава највозрасниот пратеник, доколку сегашниот претседавач Трајко Велјаноски не го направи тоа“, вели професор д-р Кадриу.

На следното продолжение на собраниската седница, вели професорот д-р Кадриу, ќе бидат две точки, избор на Кадровска комисија и избор на претседател на Собранието. Па, на истата или на наредната седница, со постигнато парламентарно мнозинство ќе се избира влада.

„Ова е уставниот пат до избор на нова влада. Во моментов, нема никакви кочници за тоа. Доколку претседателот Иванов не постапи согласно со Уставот, тогаш тој може да биде повикан на политичка одговорност“, оценува професор д-р Кадриу.

М. Талеска

Tags: IvanovВељановскиКадриумандатСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ