• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Калајџиев контра Мицкоски: Комисијата не призна грешка, туку дека се држи до принципи

October 28, 2024

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Калајџиев контра Мицкоски: Комисијата не призна грешка, туку дека се држи до принципи

October 28, 2024 12:32
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРАВДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера одговарајќи на новинарски прашања изјави дека тој ја гледа како доблесна одлуката на членовите на Комисијата за помилување кои ја констатираа грешката и поднесоа оставка.

Жив човек кој што работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност, тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин тоа е да се повлечат и тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, изјави вчера Мицкоски.

На оваа изјавана реагираше сега веќе поранешниот член на Комисијата за помилување, универзитетскиот професор  Гордан Калајџиев кој во објава на Фејсбук го демантира Мицкоски и вели дека Комисијата не признала грешка како што тврди премиерот, туку дека се држи до принципи.

Истото го напиша и предходно, кога прв, на својот Фејсбук профил ја извести јавноста за колективната оставка од позициите на членови на Комисијата за помилување, и дка оваа одлука ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи.

Оставките на членовите на Комисијата за помилување, кои претседателката Сиљановска-Давкова ги прифати, следуваа по скандалозните празнични помилувања потпишани од Сиљановска, каде меѓу помилуваните се најдоа и Акиф Бејадин Равмановски, член на наркокланот „Барон“, осомничен за убиствата во Шиша Бар и за убиството на Орхан Бајрами-Оки во Грција, но и дека пред една недела откако избега од затвор, пукаше и рани лице во паркот во Чаир, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, споменат во полицискиот билтен во 2019 година по акција против група која се заканувала на полициски службеник и тргувала со дрога, но не му беше поднесена кривична пријава.

Празничното помилување на претседателката го зафати и поранешниот градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, кој беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Транспортер и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

Драган Мишев

Tags: Гордан Калајџиевдеманткомисија за помилувањеХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ