Во католичката црквата Света Марија во Истанбул двајца напаѓачи отвориле оган кон верниците, а според турското Министерство за внатрешни работи, едно лице е убиено.
Пукањето се случило за време на неделната богослужба кога две маскирани лица отвориле оган во дворот на црквата.
İçişleri Bakanı Ali Yerlikaya:
📌(Santa Maria İtalyan Kilisesi’nde bir kişiye saldırı) Şiddetle kınıyoruz. Olayın aydınlatılması için emniyetimiz çalışıyor.
📌Milletimizin birliğini, beraberliğini bozmaya çalışanlar başarılı olamayacak.
📌Bu saldırıyı kim ya da kimler… https://t.co/IV4NslEedI
— TRT HABER (@trthaber) January 28, 2024
„Околу 11:40 часот во кругот на црквата Санта Марија, две лица ги нападнаа верниците во црквата. Тие носеа фантомки. Едно лице за жал почина. Започна енергична истрага за ова прашање. Најостро го осудуваме овој подол напад. Потрагата по напаѓачите е во тек“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Исто така, денеска се случи инцидент на патот што води до базиликата Свети Петар во Ватикан, при што уапсен е 51-годишен Италијанец кој носел нож.
Полицијата вршела рутинска проверка на луѓе кои оделе кон плоштадот Свети Петар, изјави портпаролот на полицијата, на денот кога Папата го одржува своето неделно обраќање пред верниците.
При разоружувањето на мажот, дошло до судир во кој еден полицаец бил полесно повреден, соопшти полицијата, додавајќи дека нема докази кои укажуваат на тоа дека мажот носел нож за цели поврзани со тероризам.
Г. Т.