Километарски колони за влез во земјава од Србија на граничниот премин Табановце. Патниците, меѓу кои и деца, со часови се заглавени во своите возила и во автобуси кои чекаат за влез во земјава.
ЦИВИЛ Медиа беше во контакт со некои од заглавените патници, телефонски и со пораки на социјалните мрежи, кои велат дека се истоштени од повеќечасовното чекање на ниски температури, и стравуваат поради тоа што застојот никако да почне да се расчистува. не знаат ни дали ќе имаат доволно гориво, како и основни намирници, вода и храна довочни за толку долго чекање
Од полициската станица на граничниот премин Табановце, во телефонски разговор ни одговорија дека има огромна гужва која трае целиот ден, се чека во 6 колони, од кои 3 се за патнички возила, една колона се автобуси, и 2 се за камиони, и дека не можат ништо да сторат, и колонмата се создава уште на српската страна.
Според нив, главниот проблем е напливот на вработени во странство, македонски и странски државјани кои транзитираат низ земјава, кои се упатиле во своите земји за новогодишните и божиќните празници.
Д. Мишев