• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Кога патот кон ЕУ би бил италијанска песна

December 18, 2022

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Кога патот кон ЕУ би бил италијанска песна

Пораките на СДСМ за партиското членство, широката јавност, ЕУ и опозицијата.

December 18, 2022 14:57
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

СДСМ одржа вистински мултимедијален спектакл во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со што го заокружи караванот трибини со мотото „Силно и одлучно кон иднината“. Целиот настан обедини повеќеслојни и повеќезначни пораки и симболи на различни адреси. И самиот датум на одржување на настанот е симболичен – земјава доби кандидатски статус за членка на ЕУ на 17 декември 2005 година, како што во претходна изјава дента потсети вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Планерите на настанот имале многу работа да ги спојат симболите и пораките во една голема и складна целина, користејќи ги сите средства да му помогнат на СДСМ да упати, освен вербалните, и низа невербални пораки до таргетираните публики. Како и на секој настан, сѐ има одредено значење и порака – присуството и отсуството на одредени личности, боите, светлото, гардеробата…

МОБИЛИЗАЦИЈА НА ЧЛЕНСТВОТО И ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ

Со трибините и со завршниот настан, партиското водство на СДСМ, старо една година, ја покажа намерата да ги збие редовите и да ги мобилизира членството и пошироката јавност околу својата политичка агенда и ЕУ определба. Се чини дека одлично им оди, барем засега, особено со оглед на големите предизвици со кои се соочува и земјата, и регионот, и светот.

СДСМ испрати пораки истовремено кон партиското членство, кон пошироката јавност, кон ЕУ и кон опозицијата. Тоа е далеку од едноставна задача, особено затоа што споменатите „публики“ имаат сосема различни политички сетила.

Првиот социјалдемократ и премиер, Димитар Ковачевски, одржа исклучително енергичен говор со повеќе пораки од кои се гледа неговата острина и решителност да ја води земјата низ, како што рече, најголемата безбедносна, енергетска и економска криза во Европа по Втората светска војна. Наспроти тоа, Ковачевски вели дека „Владата се втурна во подобро, поефикасно и побрзо испорачување на решенија, мерки и одржливи политики.“

ПАТРИОТИЗАМ КАКОВ ШТО ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖЕ НИ ДА СОНУВА

Ковачевски се послужи со реторички прашања (Кој можеше да претпостави дека за една година…) за да наброи и политички успеси на својата влада (и партија) во доменот на идентитетските прашања.

Признавање на МПЦ, македонскиот јазик потврден во ЕУ, договорот за ФРОНТЕКС потпишан од сите земји членки, одобрен и од Грција и од Бугарија, во Грција се регистрира Центар за македонски јазик, МИА ќе отвори своја канцеларија во Софија…

Навистина, за вакви успеси, ВМРО-ДПМНЕ, „најпатриотска“ од сите партии во Сончевиот Систем, може само да сонува, ако воопшто има патриотски сништа.

ПО 17 ГОДИНИ НА ТРУПЦИ ВО ЗАПУШТЕНАТА ГАРАЖА, КОЛАТА Е НА АВТОПАТОТ КОН ЕУ

Европската иднина на земјата е јасно и недвосмислено присутна во секој став и во секоја порака на Ковачевски. „Ние, СДСМ, со поддршка на граѓаните, до крај ќе го истераме нашето полноправно членство во Европската Унија. Бидете убедени во тоа“ – рече Ковачевски, а порача и дека нема да толерира неефикасност, неспособност и нечесност.

Ковачевски е решен да ја среди државата.

„Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата. Ова е време да покажеме дека европската интеграција значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и здрава животна средина. Да покажеме конкретно дека можеме и ние да бидеме држава, во која се признава и наградува доброто и чесното, а се казнува лошото и криминалното. Да покажеме дека сите сме исти пред Уставот и законите, на дела, не само со зборови. Јас имам таква визија, јас имам таква обврска пред себе, пред вас и пред сите граѓани. И најважно од сѐ, имам и верба, и волја и оптимизам дека можеме да направиме многу“ – рече Ковачевски.

Вербата, волјата и оптимизмот се евидентни. Компасот е исправен и покажува кон ЕУ. По 17 години на трупци во запуштената гаража, колата конечно е на автопатот кон ЕУ, турира. Возачот има верба, волја и оптимизам. Фалат уште сопатниците (опозицијата), па да се тргне со полна брзина. Но тие, во моментов, ја грабнале куката и влечат наназад.

ЕФИКАСНОСТ ВЕРСУС ВРЕДНОСТИ

Времињата се тешки. Светот е западнат во тешки кризи, од воени до климатски. Носителите на одлуки секојдневно се соочени со долги листи од кризни состојби и ситуации, кога мора да се носат брзи и решителни одлуки. Прогресивните лидери постојано се во костец да носат одлуки во корист на сите, а пред сѐ, најранливите во општеството.

Сепак, ни во најтешките мигови за светот, интелектуалците, медиумите, а ни политичарите, не можат да си го дозволат луксузот да ја напуштат борбата за основните вредности – човековите права и слободи, еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството.

Овие пораки и вредности, се чини, исчезнуваат од јавниот дискурс во и не само во Северна Македонија. Сѐ повеќе се говори за ефикасност, стандарди, ред и поредок, а сѐ помалку за човекот, за слободата, за вредностите. Тој тренд ќе ги донесе токму тие што ефикасно ќе ја уништат демократијата.

БУЛДОЖЕР Е ГРАДЕЖНА МАШИНА, НЕ СЛУЖИ ЗА ГАЗЕЊЕ

Во таа смисла, дамка на настанот остави и дел од настапот на партискиот ген-сек, Миле Зечевиќ, кој од сцената беше најавен прилично патетично и старомодно, сосе видео спотот, со кој беше повикан на сцената. Тој од говорницата говореше за подадената рака кон опозицијата, за сите да се обединат „за Македонија, просперитетна и европска“.

Но Зечевиќ ги изговори и зборовите: „Нема да има компромис за иднината. Како булдожер ќе го прегазиме секој што ќе го попречи тој пат“. Булдожер е градежна машина, не служи за газење. Евентуално, може да послужи за расчистување на урнатини. Како македонското правосудство, на пример.

Нека е и за партиска мобилизација, тоа е неприфатлив вокабулар. Милитаризација на вокабуларот на лидерите води кон милитаризација на членството на улица.

ОТСУСТВО, ШОКИРАНОСТ И ЗАНЕМАРУВАЊЕ

1. 

Од настанот отсуствуваше еден лик, чие име не беше ни спомнато (освен од гостинот од Италија), што може да се каже дека е блиску до скандалозно. Под неговото водство започна процесот на јакнење на СДСМ, победата над режимот, се биеја тешки изборни и уште потешки политички битки, решението на децениските спорови, победи на неколку изборни циклуси во низа, влезот во НАТО и враќањето на земјата на европската мапа. Зоран Заев. Најблаго кажано, некоректно е да се прогласува било кој за носител на победите кога таквите се многу на број, а првиот меѓу еднаквите што ги водеше битките и победуваше претходно, секогаш свесно застануваше поназад – од скромност и/или за да помогне во формирањето широк општествен и политички консензус.

2. 

Скандалите во македонското правосудство се случуваат во реално време. Но СДСМ е изненадено (шокирано) од исходот на судските процеси што се водат за тешки кривични дела против граѓан(к)ите и државата. Сепак, скандалите во македонските судници се случуваат и сега, во време на оваа гарнитура на власта на СДСМ. Кога сме веќе кај судските пресуди, добро е да се потсетиме дека пред само две години, во тешки услови за земјата (пандемија, Бугарија, избори, антизападна и руска пропаганда…), гледавме како паѓаат и судии, и функционери, и пресуди. Што се случи во меѓувреме?

3. 

Неодговорно е да се заборави (запостави) фактот дека името Северна Македонија (а не ФИРОМ) е резултат од надминување на, практично, нерешлив спор со Грција кој траеше речиси три децении. И од публиката и од сцената се занемари името на државата – Северна Македонија. Прашање на време е кога ќе почне Грција да реагира. Малку ли ни е конфликтот со Бугарија?

СИЛНА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ДЕМОКРАТИЈАТА И ЕУ

Што се однесува до сѐ друго, големата национална трибина на СДСМ манифестираше државотворност и силна посветеност кон државните стратешки определби, јасна и силна посветеност кон развојот на демократијата и интеграцијата во ЕУ.

„Нема поголем криминал од оние кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од земјите на Европската унија во кои владее правото, социјална правда, економски напредок и врвна демократија. Најголем криминал е да сака некој да ја врати својата држава назад во 11 години заробеништво. Затоа ние со нашите партнери ќе се избориме да го продолжиме нашиот пат, патот на нашата татковина до полноправно членство во ЕУ“ – рече Ковачевски.

Од пораките на Ковачевски на овој импозантен настан на СДСМ, може да се издвојат и јасните повици за обединување на целото општество и сите политички играчи во земјата за исполнување на европскиот сон на македонските граѓанки и граѓани.

„Нудам и барам национално обединување за државните и националните приоритети. Подготвен сум со сите искрени и добронамерни фактори, на сите нивоа, да разговараме и заеднички да креираме решенија“ – гласеше пораката за обединување.

ДИРЕКТНА ОСУДА НА СЀ ПОРАДИКАЛНАТА ОПОЗИЦИЈА

Но осуда за политичкото дивеење на наци-опозицијата се очекуваше и беше повеќе од потребна. Тоа и се случи. Малку несмасно од ген-секот, но јасно артикулирано од претседателот на партијата. Истовремено со повиците за обединување, конечно, пристигна и директна и остра осуда на деструктивноста на сѐ порадикалната десничарска опозиција во земјата. Ковачевски со право ги нарече пиромански политиките на ВМРО-ДПМНЕ и анти-Левица.

„Целта на Левица и нивните заложници ВМРО-ДПМНЕ е да запалат оган, за да мислат луѓето дека им е топло, а при тоа да не забележат дека горат токму нивните чевли. Овие пиромански политики се реална закана за земјата, за сегашните и идни генерации, закана да се попречи европскиот пат, а државата да се врати во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот“ – рече Ковачевски, меѓу другото, не штедејќи зборови на осуда.

INSIEME, UNITE, UNITE, EUROPE!

На крајот на големиот настан, од сцената заечи македонската верзија на „Insieme/Заедно“ од Тото Кутуњо Македонските поп ѕвезди, заедно со Ковачевски и неговите најблиски партиски другари и членови на Владата пееше „Unite, Unite, Europe“.

Со тоа, освен во ФБ порака, Ковачевски и СДСМ, покажаа дека во целост ја прифаќаат граѓанската иницијатива за општествено-политичко обединување за европска иднина. На социјалните мрежи, Иницијативата ја поддржаа и ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Достоинство, Алтернатива и други.

КОЈ ЌЕ СЕДИ НА МАСАТА ВО „ВОЕНАТА СОБА“?

Но патот кон ЕУ не е лесен како (италијанска) песна. СДСМ со години ја подава раката кон опозицијата, за сите политички партии заедно да го одат патот кон ЕУ. Опозицијата на тоа одговара со уште поголема радикализација, со силна поддршка од воениот злосторник во Кремљ, најсилниот во мрежата од антидемократски центри на моќта, расеани низ Европа и светот.

Ќе имаат ли политичарите волја, освен со зборови и песна, вистински да ги здружат силите и заедно да ги „извојуваат“ политичките победи на патот кон европската иднина? Времето е кратко, условите на патот сѐ потешки. Заедно – да(!), но ако на масата во „воената соба“ не седнат и ноторните криминалци и антидемократски ликови од нашето непосредно минато, почетокот на патот ќе биде и крајот на патувањето… И со и без ЕУ.

КАДЕ СМЕ?

Значи, каде сме? Северна Македонија, на крајот на 2022 година… Хронично деликатна политичка клима во земјата; радикализирана антиевропска и антидемократска десничарска опозиција; тенко коалициско мнозинство во парламентот; во костец со хибридната војна што се води и против Северна Македонија; среде глобална воена, економска, енергетска и климатска криза; тензии во регионот; сиромаштија; корупција; иселување; катастрофално образование; лошо здравство; судство и медиуми во канџите на груевизмот…

Наспроти сето тоа, Ковачевски и СДСМ, заедно со коалициските партнери, покажуваат оптимизам, волја, решителност и енергија да станеме дел од најатрактивниот клуб на нации во (историјата на) светот. Ветувањата големи, очекувањата уште поголеми. Капацитетите… Што капацитетите? Тоа е!

Извор: CivilMedia | Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: ВМРО-ДПМНЕвредностиЕУЛевицаобединувањеопозицијарадикална десницаСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ