• Latest

Кога вистината боли

December 15, 2020

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кога вистината боли

December 15, 2020 21:01
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Една од основните задачи на партискиот трол е да врши замена на тези, да манипулира и лаже колку што може повеќе. Кога не му успева, битно му е да прави врева“.

Овој мој твит привлече големо внимание, па дури стаса меѓу топ твитовите на најголемиот агрегатор на вести кај нас, time.mk. Не сум некој твитерџија, а не сум многу дури ни на Фејсбук (немам време), па затоа и ме изненади толкава популарност на една вообичаена констатација за троловите која произлегува од моите повеќегодишни искуства со агитпроп машинеријата на радикалните националисти и оние што се на „браникот на криминалот“, како што за себе рече лидерот на МВРО, Мицкоски.

Речиси секој ден, со години, буквално цела „фабрика“ на партиските тролови се мобилизира да ме нападне со најгнасните можни изрази. Така и овие денови. „Фронтот“ го преселија и на Фејсбук, каде што разни ликови (полусвет) пишуваат долги и не помалку гнасни лаги за мене. Лага до лага. Тоа секако го надоврзуваат на повеќегодишната обиди да ме оцрнат на сите можни начини, лично, врз основа на мојата припадност, секако… Дозволете да ја опишам нивната машинерија низ само неколку мои твитови. Нивните читајте ги ако сакате (има линкови), но овде не би сакал да се валкам со цитирање на нивните.

Нивната машинерија не е ни оддалеку наивна. Ако се погледнат тие неколку твитови наназад на мојот твитер профил ќе се забележат и неколку твитови на кои партиските тролови обрнале посебно внимание. Па така, имате еден твит: „Ете зошто и портпаролот на вмровците извикува Да живее Зоран Заев! Па и самиот шеф на врмовците си кажа дека е единствениот на браникот на криминалот. #ЈасноКакоДен“.

Интересно е што дури и твитовите што се бенигни и мали политички шеги се дочекуваат на нож и со омраза. Шеговити политички досетки се својствени за секое општество од памтивек до денес, се разбира, освен во држави заробени од криминалци, сталинисти или фашисти (е, тие се исти). Иако можеби некому не му изгледа така, сепак, начинот на кој функционира агитпроп машинеријата на радикалните и криминалните инсталации во политиката е сериозен показател за тоа како би се однесувале кога би дошле на власт (добив сугестија од читател дека е подобро да ги наречеме инсталации, отколку структури).

Уште еден твит предизвика голема нервоза: „Сакам лидерска средба! Не, не сакам! Сакам! Не! Сакам! Сакам лидерска средба за да не ја сакам! Не сакам… Ме сака… Не ме сака… Ме сака… Не… Ме сака… Сакам да ме сака… Никој не ме сака! А види колку сум убав и паметен! Буаааа!“ Следи лавина од говор на омраза. Тоа ме „повлече за јазик“, па напишав: „Не мораш ни да ги спомнеш по име. Веднаш се препознаваат и џвакаат ли џвакаат…“ и го додадов хаштагот #НаБраникот. Тоа изгледа ја прелеа чашата на гневот на трол фабриката, па се нафрлија со сите сили на твитот од почетокот на овој текст. Јас само кратко им одговорив: „Цела фабрика на едно место се збра. #ВистинатаБоли“.

На „генијалноста“ ѝ нема крај. Мојот твит се најде и во „информативните“ (читај: фабрики за лажни вести) содржини на некои интернет медиуми. Твитнав: „Срцки. Цели медиуми (ако може така да се наречат, а не може) се бават со моите твитови. Ако, нека работат нешто.“ Партиски тролови на браникот на криминалот… Така е кога дури и портпаролот на МВРО извикува „Да живее Зоран Заев“… Вистината боли… – се дополнителните пораки што ги претворив хаштагови. И не се занимавав многу со нив. „Нека пукнат овие простаци и глупаци“, си реков, „нека се удават во сопствениот измет.“ И се оддалечив од затруениот бунар на простотилакот после само неколку минути.

Навистина, сево тоа заедно не ми одзеде повеќе од неколку минути од моето време. Не ми е предизвик, па не ми е ни забавно, особено кога знам дека малата Твитер заедница навистина е киднапирана од анонимизирани тролови зад кои стојат познатите криминални ликови од македонската политичка сцена. Се смеев кога деновиве моите извори од „белата дивоградба“ на најбогатата партија во Европа (со мултимилионски долг и замрзнат имот) уште еднаш ми потврдија дека за нивните хајки се користат многу пари, многу време и цели тимови на луѓе, со техничка (know-how) помош од странство, знаете кое странство. Аман! Што ќе им е тоа? – ќе праша некој. Одговорот не е сосема очигледен, но не е ни тежок.

Твитовите и Фејсбук објавите се храна за мрежата од медиуми која е обединета околу операциите да се осуети правдата за криминалците на режимот на оној од Будимпешта. Тие се дел од кампањите кои имаат цел да ги спречат процесите за подобрување на односите меѓу нашата и соседните земји. Тие се секогаш тука да ја промовираат радикалната „мртов-Шиптар-добар-Шиптар“ доктрина. Тие се непријатели на Западот и со сите сили се обидуваат да ги осуетат евроатлантските интеграциски процеси. Накратко, тие се војската која се бори против сé што се подразбира под изразот – македонски стратешки интереси. И кои себеси се нарекуваат македонски патриоти, што е најсмешно.

Сепак, нивното дејствување не е ни наивно. Со таа континуирана врева од одвратен и простачки говор на омразата и континуирана контаминација со лажни вести и дезинформации, се поткопува довербата во институциите и се релативизира буквално секој, па и најмал успех на општеството или државата во ова време-невреме предизвикано од пандемијата и хибридната војна што се води низ целиот свет.

Добрата вест е што постојано доживуваат порази. Тешки порази. Не им вредат напорите во кои се вложени милиони евра. Не им вредат сите сомнителни трансфери како оние од Будимпешта виа Љубљана до ТВ Алфа, Курир, Република, Лидер во 2018 година, што ги открија истражувачките новинар-ки. Само тоа се откри до сега, а којзнае колку има уште за откривање.

Веројатно, ќе стане уште позабавно кога ќе се најде некој-а јунак-иња во истражните органи да ги открие и отвори нивните црни тефтерчиња со бројки и шифри. Капак на сé беше неодамнешната „врела шлаканица“ која пристигна во облик на студијата „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“ што ја објави Европскиот парламент. После ваков удар, достоинствено би било да ги сведнат главите и да се обидат тивко да се извлечат низ сервисниот излез на некритичката јавност и порозната правда. Ама, кога се нема достоинство, тоа е.

Тоа што останува е да се констатира дека им остануваат само уште милионите евра, црни пари, што ги истураат во медиумите. Милиони што се распрснуваат како меур од сапуница, само од неколку твитови и текстови.

Не е чудо што се гласни, но чудо е како успеваат да бидат толку гнасни. Мора да има нешто и во карактерот.

 


Оригиналниот линк до спомената студија: Mapping Fake News and Disinformation in the Western Balkans.
Прочитајте и: Од бурлеска и фијаско до сериозна меѓународна шлаканица


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Tags: АГИТПРОПговор на омразаталажни вестиМВРОтрол фабрикитроловихибридна војна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ