По денешната средба, Никола Димитров и Никос Коѕијас одржаа прес-конференција на која ги споделија впечатоците од разговорот за спорот со името.
„Прашањето трае долго. Се обидуваме да изградиме доверба, мислам дека уште има предрасуди. Од другата страна има желба ова вистински да се надмине… Идната недела ќе го отвориме прашањето со медијаторот. Ова сега беше само билатерална средба“, изјави Министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Кажавме дека кога ќе се смени името на аеродромот ќе го посетиме вашиот убав гради да ја отвориме втората фаза за преговорите за влез во ЕУ и НАТО.. Верувам многу во нашата заедничка соработка.. Денеска направивме чекори да ги решиме проблемите што ги затекнавме… Верувам дека ќе ги надминеме пречките меѓу двете држави. Должни сме да ги решиме и тоа ќе помогне за пријателството меѓу двата народа, за стабилноста и безбедноста и за развојот на двете држави и целиот регион, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на прес-конференцијата во МНР.
Коѕијас истакна дека Грција сака компромис и дека се надева на решение што ќе произлезе од чесни преговори од кои и двете страни ќе имаат придобивка.
Во меѓувреме пред МНР се протестира во одбрана на името.
ЦМ