• Latest

Koј e Евгениј Пригожин – новиот Ханибал?

June 27, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Koј e Евгениј Пригожин – новиот Ханибал?

June 27, 2023 12:16
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Што се случува во Русија, кои се проекциите по походот на платеничката војска на Пригожин, како тоа ќе се рефелектира понатаму во однос на руската агресија врз Украина, се дел од аспектите што ги опфаќа анализата на Љубомир Костовски „Пригожин ante portas“.

Во тој контекст одвојуваме дел од анализата кој го отвора прашањето: Кој е Евгениј Пригожин-ноиот Ханибал:

Нема двојба дека во саботата, 23 јуни, Москва беше во паника. Исто онака како што во третиот век пред нашата ера граѓаните на Рим, по низа изгубени битки со картагенскиот војсководец Ханибал, трепереле и гледале кон вратите на градот, што веќе не биле ни бранети, кога тој ќе влезе во вечниот град. Околу Кремљ се поставуваа вреќи со песок, околните квартови околу просториите, каде што борави власта, се иселувани и станарите заминувале од нив, тешки товарни камиони се поставувани секаде од каде би можело да се стрела кон центарот на престолнината, а за камерите кои ги има за следење на сообраќајот се наоѓани нелогични агли –  изместувани се за да гледаат во околните реклами, односно да не му користат на непријателот. Беше прогласена нова мобилизација, а цените на авионските карти за бегство пламнаа

Кој е новиот Ханибал? Па, во говорот на претседателот Путин на државната телевизија тој говореше за обид за пуч, за нечии пораснати амбиции, без да спомене имиња. Посочи дека постои обид да се користат воени средства против легалната власт, а светските агенции ги дадоа деталите уште рано изутрината.

Ако на елитната, платеничка војска на Пригожин ѝ требаа три месеци да го освои гратчето Бахмут, таа сега за три часа го освои Ростов на Дон и набргу потоа тргна кон Москва, освојувајќи го лесно патем и големиот град Вороњеж.

Околу 15 часот во саботата, бунтовниците минаа 350 километри. Има доста снимки на кои се гледа дека народот патем го поздравува, како да е некаков ослободител, а немањето конкретен отпор говори за комплетна збунетост кај редовната војска.

Да не одиме во детали, тие се познати – се чинеше дека првите сериозни борби би се случиле дури кај влезот во престолнината, која, во меѓувреме би станала некаква импровизирана тврдина, а повремените обиди да се сопре колоната која ита кон Москва беа извршени од воздух.

Имаше паднати седум хеликоптери, еден помал воздушен транспортер… Официјална Москва не кажува ништо за тоа (!), а странските извори говореа за 20, потоа за 30, а во понеделникот наутро за 41 загинат пилот, при што, не е јасно дали истите се соборени од вагнеровци или резултатот се должи на некаква борба во воздухот, што исто така би била очевиден доказ дека во армијата постои поделеност.

Потоа дојде до ненадеен пресврт со посредство на Лукашенко, но најголем дел од прашалниците останаа да висат во воздухот – и ден потоа се чини дека „Русија сè уште е на работ на распаѓање, дури и ако Пригожин ги врати своите луѓе назад“, пишува Даниел Ханан, реформатор кај британските конзервативци и колумнист на „Вашингтон егзаминер“ и лондонски „Телеграф“.


Дел од анализата „Пригожин ante portas“
Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Владимир ПутинЕвгениј ПригожинЉубомир КостовскиРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ