• Latest

Колку вреди едно неважечко ливче?

November 10, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Колку вреди едно неважечко ливче?

November 10, 2017 14:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 100.000 неважечки гласачки ливчиња беа избројани по првиот круг на локалните избори. Од нив, 45.551 беа за градоначалниците и 51,681 за општинските совети. Општа беше констатацијата дека ова е драматичен скок на бројот од неважечки гласачки ливчиња во однос на претходните изборни процеси. 

При првата анализа на оваа појава, заклучокот беше дека постојат најмалку две причини. Првата е проблематичниот изборен материјал и втората е намерно поништување на гласачкото ливче. Во вториот случај, тоа говори за фактот дека гласачите на тој начин го искажуваат својот протест, односно опомена до кандидатите за преземање на власта на локално ниво. Односно, дека гласачите искажуваат недоверба кон сите учесници во изборната трка.

Ако за 38.000 неважечки гласачки ливчиња на предвремени парламентарни избори во 2016 година, бројка за која ЦИВИЛ побара и посебно вештачење, што не беше прифатено, што треба да се преземе за бројка од речиси 100.000 во првиот круг и 12.267 неважечки ливчиња од вториот круг?!

Бројот на неважечки ливчиња во вториот круг, каде се гласаше само за кандидати за градоначалници во 35 општини, пропорционално, е помал во споредба со првиот круг, веројатно и затоа што веќе немаше многу забуни околу изборниот материјал.

Да се поништи гласачкото ливче, сепак, е демократско право за изразување на волјата на граѓаните. Но, проблем е кога макар и едно гласачко ливче е прогласено за неважечко спротивно на стандардите, а да не говориме за проблемите на институционален план. Неважечките гласачки ливчиња кои се последица на неедуцираност на гласачкото тело е дополнителен, сериозен проблем на изборната администрација, но и на општеството и системот во целост.

Најтревожно е прашањето колку има политичка или партиска манипулација со оглед на фактот дека приговорите на Беса во најголем број беа токму против прогласувањето на гласачките ливчиња за неважечки во кои, како што тврдат, јасно е изразена волјата на гласачите за нивната партија. Приговорите на Алијансата за Албанците опфаќаа случаи на групно гласање, полнење кутии, давање на поголем број гласачки ливчиња од предвиденото и тоа со приложени докази до Државната изборна комисија. Ниту еден приговор не беше прифатен од ДИК.

Под претпоставка дека најголемиот број приговори на Беса се однесуваат на Чаир, се поставува и прашањето колку надлежните институции калкулирано го дозволија прегласувањето во едно избирачко место.

Точно, калкулациите покажуваат дека исходот од прегласувањето во 2901, ПОУ „Иднина“, Чаир, ќе влијае на крајниот резултат и ја отвора можноста, колку и да звучи неубедливо, кандидатот за градоначалник на Беса, да биде идниот прв човек на Чаир.

Независно од причините, битни се последиците, па и промените што, евентуално, ќе ги донесе резултатот од ова избирачко место.

А самите чаирчани, жители на трите улици опфатени со гласачкото место 2901, ќе одлучуваат за локалната судбина на целата општина и на сите нејзини граѓанки и граѓани.

Биљана Јордановска

Tags: Бесакалкулациилокални избориневажечки ливчињарезултатиЧаир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ