• Latest

Коментар на Амбасадорката на Украина Лариса Дир по повод на усвојувањето на резолуцијата од Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за имплементација на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје

November 7, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Коментар на Амбасадорката на Украина Лариса Дир по повод на усвојувањето на резолуцијата од Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за имплементација на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје

November 7, 2024 06:45
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР

Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 5 ноември 2024 година, Првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за имплементација на Конвенцијата за забрана на развојот, производството, складирањето, употребата на хемиско оружје и неговото уништување.

Како гласаа државите членки на ОН

​Меѓу другото, Генералното собрание потсетува дека параграфот 5 од член 1 од Конвенцијата за забрана на развојот, производството, складирањето, употребата на хемиско оружје и неговото уништување ја обврзува секоја држава-учесничка да не користи хемиски супстанции како средства за справување со масовни немири како метод на водење војна.

​Во овој контекст, изразена е сериозна загриженост за обвинувањата за нивна употреба од страна на Руската Федерација во нејзината освојувачка војна против Украина.

​Организацијата за забрана на хемиско оружје е повикана внимателно да ја следи ситуацијата и да биде подготвена да го истражи ова прашање.

​Од 25 до 29 ноември 2024 година во Хаг, Кралство Холандија, ќе се одржи 29-та сесија на Конференцијата на државите-учеснички во Конвенцијата за забрана на развојот, производството, складирањето, употребата на хемиско оружје и неговото уништување.

​За време на Конференцијата, ќе се одржи гласање за избор на членови на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025-2027 година.

​Од Источноевропската група, свои кандидатури поднесоа Република Северна Македонија, Чешката Република, како и државата-агресор Русија (три кандидати за две места во Извршниот совет).

​Според информациите на Министерството за одбрана на Украина, од февруари 2023 до октомври 2024 година се регистрирани и документирани повеќе од 4.300 случаи на употреба на муниција од страна на Русија која содржи опасни хемиски супстанции, вклучувајќи хлорпикрин и други борбени отровни супстанции, со што се прекршува Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

​Русија мора да биде повикана на одговорност преку инструментите на Организацијата за забрана на хемиско оружје за употреба на хемиски средства за справување со немири како метод за водење војна против Безбедносните и Одбранбените Сили на Украина, а не да биде избрана во Извршниот совет на оваа организација.

​Државата (Русија), која ги прекршува конвенциските норми на меѓународната организација, треба да биде лишена од правото да учествува во работата на нејзините раководни тела.


Специјално за ЦивилМедиа. Дозволено за преземање, според лиценцата Creative Commons. 
Tags: ОНруска агресијаУкраинаХемиско оружје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ