Министерството за надворешни работи во соработка со Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР (ИГИНП), Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ и Алумни Асоцијацијата на „Маршал Центарот“ во Македонија, во среда на 30 август, со почеток во 10 часот ќе одржи конференција на тема „Македонија кон целосно членство во НАТО“.
Конференцијата ќе се одржи во просториите на МНР, а ќе ја отвори амбасадорот Абдулкадар Мемеди, директор на ИГИНП. До присутните ќе се обратат министерот за надворешни работи Никола Тодоров, абасадорот на САД, Џес Бејли и амбасадорот на СР Германија, Томас Норберт Герберајх.
Пристапот на Македонија во НАТО, реформите неопходни за исполнување на критериумите за членство и заложбите на новата Влада за деблокирање на евроатланскиот интегративен процес, чекори за подобрување на добрососедските односи…, се теми за кои ќе дискутираат високи претставници од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, од НАТО, дипломатски претставници, како и претставници од други владини институции и од академската заедница.
Во рамки на конференцијата која е од отворен карактер, ќе се одржат и две специјализирани панел-дискусии на теми „НАТО придонеси кон безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“ и „Република Македонија и НАТО: Од активно партнерство до целосно членство“.