• Latest

КОНТЕКСТ со Љубомир Костовски: Изборите како индустрија на манипулација – Србија, регионот и новите модели на политичко влијание

March 30, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

КОНТЕКСТ со Љубомир Костовски: Изборите како индустрија на манипулација – Србија, регионот и новите модели на политичко влијание

Како изборите се претвораат во операции на влијание, а демократијата во контролирана илузија – разговор со политичкиот аналитичар Љубомир Костовски за изборниот контекст во Србија, Словенија и Унгарија

March 30, 2026 19:53
in ИНТЕРВЈУ, КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Локалните избори во Србија, иако формално опфаќаа само десет општини, се претворија во тест на политичките процеси што далеку ги надминуваат локалните рамки. Она што се виде на теренот – насилство, притисоци, масовно присуство на полиција, организирани инциденти – укажува на нешто многу подлабоко: трансформација на изборите од демократски процес во контролирана операција на моќ.

Како што анализира политичкиот аналитичар Љубомир Костовски во КОНТЕКСТ, резултатот што власта го претстави како „10-0 победа“ не ја одразува реалната политичка динамика. Напротив, зад бројките се крие сериозен пад на поддршката за владејачките структури и раст на опозицијата, особено поттикнат од студентското движење во Србија.

Според нашиот соговорник, една од најочигледните стратегии што се користат е намерната фрагментација на политичката сцена. Наместо вистински плурализам, се создава привид на избор преку креирање долги изборни листи со кандидати кои често се поврзани или индиректно контролирани.

Костовски укажува дека „идејата на власта беше да се направи што подолга листа на партии што учествуваат, за да се збунат граѓаните“, што претставува класичен пример на симулирана демократија.

Во одредени средини, како Кладово, дури се појавуваат коалиции на партии кои инаку се претставуваат како одделни политички субјекти, што дополнително го замаглува изборниот пејзаж.

Друг важен елемент е обидот да се привлечат гласачи преку вметнување млади или студентски кандидати на листите на власта. Оваа стратегија има за цел да го канализира незадоволството на младите во корист на владејачките структури.

Но, според Костовски, „тоа беше еден многу провиден трик“ кој не успеал да го запре растот на опозициската поддршка.

Клучен двигател на промените, според анализата, се студентските движења во Србија. Овие групи, од власта често нарекувани „блокадери“, внесуваат нова енергија и мобилизираат широк дел од јавноста.

Токму затоа тие стануваат и главна мета на кампањи за дискредитација. Еден од најконтроверзните аспекти на политичка манипулација во Србија деновиве, според Костовски, е случајот со трагичен исход по животот на една студентка, за кој, како што вели, „веднаш се реагираше на медиумите што се провладини“ и се пласираа наративи без истрага и без утврдени факти.

„Заклучоците беа донесени буквално пет минути по доаѓањето на полицијата, што отвора сериозни прашања за координираноста и намерата зад таквото известување“, рече Костовски.

Овој модел на брза медиумска конструкција на „вистина“ има јасна цел – дискредитација на студентите и слабеење на нивното влијание врз јавноста.

Анализата не застанува на Србија. Костовски укажува дека слични модели се појавуваат и во други земји, како Словенија и Унгарија, што упатува на постоење на пошироки мрежи на влијание.

„Се оди на тоа да се митологизира или да се дискредитира одредена личност. Современите политички кампањи сè повеќе се фокусираат на личности наместо на политики“, вели Костовски во КОНТЕКСТ. 

Во Словенија, како што посочува Костовски, биле активирани теми поврзани со личности кои претходно не биле предмет на јавен интерес – што укажува на координирани операции за создавање наративи.

Особено внимание привлекуваат процесите во Унгарија, каде што се забележуваат обиди за создавање драматични настани и наративи со цел влијание врз изборниот резултат. Костовски предупредува дека „може да се открие дека постојат намери да се конструираат настани со цел да се подигне поддршката“, што претставува сериозна закана за демократскиот процес.

Паралелно, се идентификуваат и дигитални операции кои имаат за цел брзо и масовно влијание врз јавното мислење.

Клучниот заклучок од оваа и низа претходни анализи на ЦИВИЛ е дека изборите повеќе не се само демократска процедура, туку индустриска операција.

Највисокиот облик на демократија – изборите – се претвори во пропагандна операција со индустриски размери со цел да се преобликува јавното мислење и да се влијае на волјата на гласачите. 

Ова значи дека информациите се контролираат, наративите се креираат за да се оцрни противникот, јавноста се насочува со дезинформации и ширење сомнеж и страв, а изборниот резултат се подготвува однапред во медиумскиот и дигиталниот простор.

Овие процеси не се ограничени само на Србија. Тие имаат директни импликации и врз Северна Македонија, каде што се забележуваат слични модели на политичко делување. Особено изборниот процес во Унгарија има големо значење за македонскиот политички контекст. 

Од медиумска контрола до манипулација со наративи, од дискредитација на опозицијата до користење на надворешни влијанија – регионалната поврзаност на овие процеси е сè поочигледна.

Тоа значи дека она што се случува во Србија, Унгарија или Словенија не е изолиран феномен, туку дел од поширока динамика што ја обликува политичката реалност во целиот регион.

Руското влијание во овие процеси не е периферно, туку структурно и системски вградено во политичките и медиумските екосистеми на регионот. Станува збор за долгорочна стратегија на Кремљ која комбинира дезинформации, дигитални операции, финансиски канали и локални прокси-актери со цел да се разниша демократскиот поредок и да се создаде трајна политичка нестабилност. 

Во таа сложена архитектура на влијание се појавува и уште еден слој – ангажман на израелски разузнавачки и комуникациски експерти во Словенија и Унгарија, кои носат софистицирани техники на психолошко профилирање, таргетирање и управување со наративи. Овие експертизи, пренесени од безбедносни и изборни операции во други делови од светот, се користат за прецизно обликување на јавното мислење, дискредитација на политички противници и создавање контролирани кризни настани – со што дополнително се замаглува границата меѓу легитимна политичка кампања и организирана манипулација.

Во такви услови, прашањето повеќе не е дали изборите се фер, туку дали воопшто останува простор за автентична демократска волја. Кога политиката се претвора во индустрија на манипулација, а јавноста во цел на системски операции за влијание, изборите престануваат да бидат инструмент на слободата и стануваат алатка на контролата. Затоа, разбирањето на овие процеси е предуслов за отпорност на демократијата – во Србија, во Северна Македонија и низ целиот регион и многу пошироко.

 


Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА

Tags: избориСловенијаСрбијаУнгарија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ