• Latest

КОНТЕКСТ со Зоран Иванов: Не знам зошто премиерот е толку уплашен за својот идентитет – да се погледне во огледало и да се запраша дали е Македонец или не е

April 1, 2026

АЛАРМАНТНО: Слободата на медиумите на најниско ниво во последните 25 години

April 30, 2026

Проф. Роман Шеремета со добро прашање: Кому не му е потребна сала за балови за да се чувствува безбедно?

April 29, 2026
Џабир Дерала и д-р Георги Станков во подкастот „Коридор 8“ - во живо, 28 април 2026 (скриншот)

Џабир Дерала во „Коридор 8“: Кремљ токму тоа го сака – Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија

April 29, 2026

Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

April 28, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џабир Дерала и д-р Георги Станков во подкастот „Коридор 8“ - во живо, 28 април 2026 (скриншот)

    Џабир Дерала во „Коридор 8“: Кремљ токму тоа го сака – Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

КОНТЕКСТ со Зоран Иванов: Не знам зошто премиерот е толку уплашен за својот идентитет – да се погледне во огледало и да се запраша дали е Македонец или не е

Меѓу Будимпешта и Брисел – политиката, наративите и проевропскиот предизвик - разговор со доајенот на македонското новинарство Зоран Иванов за геополитичките ориентации, популизмот и позицијата на Северна Македонија

April 1, 2026 12:10
in ИНТЕРВЈУ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Во време кога геополитичките линии на поделба стануваат сè поостри, а европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни предизвици, Северна Македонија повторно влегува во фаза на внатрешни политички наративи што ја оддалечуваат од суштинските прашања. Наместо јасна стратегија и стабилна ориентација, во јавниот простор доминираат пораки што создаваат чувство на неизвесност, страв и постојана одбрана на нешто што, всушност, не е загрозено.

Во разговорот за КОНТЕКСТ, новинарот и аналитичар Зоран Иванов директно ја проблематизира оваа појава, посочувајќи дека наративот за „загрозениот идентитет“ не е одраз на реалноста, туку политичка конструкција.

„Не знам зошто премиерот е толку уплашен за својот идентитет. Треба да се погледне во огледало и да се запраша дали е Македонец или не е. Нема причина за страв – никој не може да го загрози идентитетот на еден народ“, вели Иванов, реагирајќи на изјавите и политичките пораки што во последниот период доминираат во јавниот дискурс.

Оваа оценка не е само лична критика, туку суштинско отворање на прашањето: зошто идентитетот, кој по својата природа е стабилен и неспорен, повторно станува централна политичка тема? И дали таа тема се отвора од потреба – или од интерес?

Иванов укажува дека ваквиот пристап не е нов, но денес е понагласен и пофункционален како политичка алатка. Кога политиката не нуди јасни резултати, таа се префрла на симболички теми – каде што нема конкретни одговори, но има простор за мобилизација.

Иванов нуди анализа што не се задржува на површината на дневната политика, туку ја отвора логиката зад неа. Во тој контекст, тој ја коментира посетата на премиерот Христијан Мицкоски на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта – потег што, на 12 дена пред клучните парламентарни избори во Унгарија, според Иванов, повеќе отвора прашања отколку што дава одговори.

„Ако беше во Брисел и донесеше некаква гаранција – тоа ќе имаше тежина. Но Орбан не може да му даде никаква гаранција,“ вели Иванов.

Оваа оценка го насочува фокусот кон суштинското прашање: каде се артикулира надворешната политика на државата – во центарот на европското одлучување или на периферијата на политички сојузи со ограничена тежина? Разговорот понатаму ја отвора темата на политичката перцепција и нејзината улога во современото владеење, како и за тоа дали и колку премиерот е во „периметарот“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека Мицкоски се гледа во периметарот на Трамп. Дали Трамп го гледа него во тој периметар – тоа е друго прашање,“ забележува Иванов.

Оваа разлика меѓу перцепцијата и реалноста е клучна. Во отсуство на јасна стратегија, политиката се сведува на создавање впечаток на значење, наместо на негово реално градење. Наместо позиционирање, се нуди проекција. Во такви услови, надворешната политика станува дел од внатрешната комуникација – средство за мобилизација, а не инструмент на државна стратегија.

Во однос на односите со Бугарија и европската интеграција, Иванов е недвосмислен: проблемите не се решаваат преку билатерални апели, туку во европската рамка.

„Местото на Мицкоски е во Брисел. Ако има проблем со Бугарија, тој треба да се решава таму, а не да се оди во Софија да бараме гаранции,“ вели тој.

Оваа позиција ја враќа дебатата таму каде што припаѓа – во институционалниот контекст на Европската Унија, а не во политичката реторика што создава чувство на постојана неизвесност.

Еден од најсилните сегменти од разговорот се однесува на наративот за „загрозениот идентитет“ – тема што сè почесто се користи во јавниот дискурс. Иванов со право иронизира кога го поставува реторичкото прашање за стравот на премиерот за националниот идентитет. Оваа забелешка ја разоткрива суштината на проблемот: политиката создава стравови кои потоа самата ги третира како реални закани.

„Тоа е вештачки наметнато прашање,“ констатира Иванов.

Кога стравот станува централна политичка алатка, рационалната дебата се повлекува, а општеството се мобилизира врз основа на емоции наместо аргументи.

Во втората половина од разговорот, вниманието се префрла кон реакциите на опозицијата, особено на СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче. Неговите последни јавни настапи се карактеризираат со јасна, остра и недвосмислено проевропска позиција, директно спротивставена на политиката на одложување и релативизација.

Но, суштинското прашање не е само што се кажува, туку колку тоа се слуша. Во услови на медиумска доминација, дури и најјасно артикулираната политичка позиција може да остане на маргините на јавниот простор. Проблемот не е само во политичката конкуренција, туку и во условите во кои таа се одвива. Во тој контекст, Иванов нуди остра оценка.

„Проблемот не е само плурализмот – проблемот е неновинарството. Дел од програмите се практично политички кампањи, креирани во партиски штабови,“ оценува Иванов.

Оваа дијагноза ја објаснува асиметријата во јавниот дискурс. Кога медиумскиот простор е структурно наклонет кон власта, опозицијата – без разлика на квалитетот на своите пораки – се соочува со ограничена видливост.

Разговорот ја отвора и темата на јавните интелектуалци, чија улога во вакви услови станува особено значајна.

„Катастрофа е со македонската интелигенција… молчат,“ вели Иванов.

Оваа тишина не е неутрална. Таа придонесува кон дополнително стеснување на просторот за критичка мисла и јавна дебата, оставајќи ја политичката сцена на доминација на наративи наместо аргументи.

Разговорот со Зоран Иванов јасно покажува дека политичката реалност во Северна Македонија не е само резултат на настани, туку и на начинот на кој тие се претставуваат и интерпретираат. Во таков контекст, појавата на појасен и поодлучен проевропски став – како оној на СДСМ и Венко Филипче – е важен сигнал, но недоволен. Партиските ставови се само еден дел од големата слика. Без медиумски и општествен простор во кој тие ставови ќе станат видливи и влијателни, нивниот ефект останува ограничен.

Затоа, прашањето не е само која политика ќе преовладее, туку и кои услови ќе ѝ овозможат да биде слушната. Бидејќи, како што се констатира во КОНТЕКСТ, проблемот не е во недостатокот на ставови, туку во контролата врз просторот во кој тие се артикулираат.

И токму таму се одлучува иднината.

Tags: Венко ФилипчеВиктор ОрбанХристијан Мицкоски
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Џабир Дерала во „Коридор 8“: Кремљ токму тоа го сака – Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • До пазарот и назад

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ