Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да прифати дебата со Мицкоски, кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето.
„Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија“, изјави Заев.
„Иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара“, рече Заев.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој денес беше на еднодневна посета на Македонија, изјави дека постигнатиот договор со Грција за името е најправична одлука, затоа што иднината и на Косово и на Македонија, како и на целиот регион е ЕУ и НАТО
„Косово ви дава целосна поддршка да се движите напред кон членството во НАТО и европската иднина“, изјави Тачи.
Во рамките за реформите за започнување на преговорите за влез во ЕУ, ќе бидат прецизирани со нов Закон за висока раководна служба, за кој информацијата за донесување на еден ваков закон помина на вчерашната владина седница.
Законот ќе се однесува на високите раководни позиции како директори и секретари. Нема да се однесува на највисоките политички функции како што се министри и заменици-министри, како и на независните тела како што се Народниот правобранител или Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации.
Ќе биде формирана и Комисија која ќе ја врши селекцијата на кандидатите, а изборот на раководните лица ќе биде преку јавен оглас на кој ќе може да пријават граѓани со високо образование.
Раководните кадри ќе бидат оценувани една година по назначувањето и секои наредни две години.
А. Петровска