Надлежниот орган на косовскиот Парламент ја разгледува Предлог- платформата за финализирање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, јави денеска РТК.
Косовската влада таа платформа ја усвои минатата недела и ја достави до Парламентот, а со неа, истовремено, претседателот на Косово Хашим Тачи е овластен да ги води преговорите во име на Приштина.
Платформата има девет точки меѓу кои е една која предвидува дијалогот да се „заврши со реципрочно признавање“.
По усвојувањето на платформата, косовската влада соопшти дека „политиката на Косово е посветена на иднината, изградба на мир во регионот, добрососедски односи со државите од регионот, како и дека Приштина ги почитува меѓународните обврски“.
– Со оваа платформа, Косово инсистира дијалогот да се заврши законски со обврзувачки меѓународен договор, кој би требало да доведе до реципрочно признавање на двете држави, наведува РТК. (МИА)