• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик е патриотизам манифестиран со дела

January 18, 2023
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик е патриотизам манифестиран со дела

January 18, 2023 15:34
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска беше претставен целосно завршениот проект за дигитализација на сите картотеки, со што дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња, јазични записи грижливо и посветено собирани со децении на терен од вработените во Институтот, од бројни истражувачи, студенти и вљубеници во јазикот.

Проектот се реализира во годината кога се одбележува 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик и 120 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска посочи дека со овој комплексен проект, кој се реализираше со средства на Министерството за култура и Владата преку Фондот за иновации и технолошки развој, направен е историски зафат за да се спаси непроценливо богатство.

„Проектот за дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик е макотрпен, но исклучително важен потфат, патриотизам манифестиран со дела. На дело покажавме што значи вистинска заштита на македонскиот јазик и историја, заштита на македонскиот идентитет и зачувување на ова јазично духовно богатство за идните генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека на овој начин им оддаваме почит и на генерациите ентузијасти, македонисти, истражувачи на јазикот, чуватели на нашиот идентитет.

„Дигитализацијата, како трајна заштита на нематеријалното културно наследство, останува наш врвен приоритет. Ние сме должни да ги заштитиме нашата култура и историјата на нашиот јазик. Преку овој проект, тоа и го правиме“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

На настанот се обрати и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски кој истакна дека македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата гордост и срцето на нашата нација, кој треба да го негуваме, заштитиме и пренесуваме на следните генерации како наше најголемо духовно и културно наследство.

„Во таа насока, со дигитализација на македонски записи во изворен облик, со овој проект успеавме трајно да зачуваме од уништување над 5 милиони записи со стари македонски зборови, дијалекти и записи, кои се дел од нашето духовно богатство. Овие записи со изворни македонски зборови и изрази, од периодот 14 и 15 век, се внимателно собирани и чувани со особена грижа, љубов и почит кон нашиот мајчин, македонски јазик, со цел да се зачува неговата автентичност и традиција, која и ние ја продолжуваме понатаму на нашите поколенија“, рече Ковачевски. Тој додаде дека културното наследство на македонскиот јазик е аманет со кој треба да се гордееме бидејќи само преку негувањето и зачувувањето на нашиот јазик и неговата изворна содржина, ќе може да го зачуваме и сопствениот идентитет, за кој се избориле генерациите пред нас, а нам нѝ е оставен како завет од кој не смее да се откажеме.

Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, пак, истакна дека ова е исторски момент за Институтот за македонски јазик затоа што на овој начин ексцерпираните материјали со кои се полни картотеките конечно се дигитализирани и овековечени.

„На овој начин, оваа генерација лингвисти во Институтот за македонски јазик се погрижи трудот на основачите и на сите колеги да биде зачуван и достапен за лингвистичката јавност“, нагласи Јованова-Грујовска. Таа додаде дека и целокупното творештво на Блаже Конески е дигитализирано и се наоѓа во картотеката на Толковниот речник.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, истакна дека станува збор за проект на дигитална трансформација со кој радикално ќе се промени пристапноста и заштитата на изворите на македонскот јазик. Тој потсети дека проектот е кофинансиран од Министерството за култура и од Фондот за иновации со 14 милиони денари.

Презентацијата на дигитализираниот материјал ја извршија претставниците на Архивскиот дата центар „Инбокс“ кои го реализираа процесот на скенирање и архивирање на картотеките.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаИнститут за македонски јазикКовачевскиФИТР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ