• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Останувам на зборот за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и подмолен начин

April 12, 2023

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Останувам на зборот за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и подмолен начин

April 12, 2023 20:02
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ „Оркестар за џез музика“ во просториите на НУ Национална Филхармонија, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот за изнаоѓање заедничко решение, но од Синдикатот немале желба да разговараат со мене, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

 

Таа напомена дека останува на зборот да ја исполни обврската за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но, како што потенцира, не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани.

Јас отидов на најавениот состанок во Филхармонија, но како што ми беше пренесено, од Синдикатот немале желба да разговараат со мене. Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани. Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура, особено не на дел од уметниците, кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом, пишува министерката на Фејсбук.

Директорката на Филхармонија, Тина Иванова денеска на прес-конференција посочи дека не го поддржуваат сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија, бидејќи „се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други“.

Од Синдикатот на Филхармонија одбиваат средба со министерката, доколку не бидат исполнети нивните барања да се најде друго просторно решение за Џез оркестарот. Тие најавија јавни протести доколку не се промени одлуката веќе на наредната владина седница.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаОркестар за џез
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ