• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за употреба на македонскиот јазик даваме придонес во заштитата на нашата посебност и идентитет

June 8, 2023

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за употреба на македонскиот јазик даваме придонес во заштитата на нашата посебност и идентитет

June 8, 2023 19:01
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за употребата на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање.

Министерството за култура со Советот за македонски јазик, пристапија кон изготвување нов закон за употреба на македонскиот јазик имајќи предвид дека, и покрај тоа што актуелниот Закон има позитивни ефекти во подигањето на јазичната култура во државата, во практиката сè повеќе се забележува  непочитувањето  на  законските  мерки  и  негрижата  за  македонскиот  јазик  во  различни  сегменти  и  на  различни  нивоа  од  општествениот  живот.

Пред членовите на собраниската комисија, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик нуди многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, кои е потребно да се прошират и со дополнителни механизми што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.

„Со донесување на нов закон за употребата на македонскиот јазик, ќе се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстови што се објавуваат, а задолжително лекторирање ќе го врши само лектор со лекторска лиценца“, потенцираше министерката за култура.

Беше објаснето дека задолжително ќе се лекторираат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката. Задолжително ќе се лекторираат меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, но задолжително ќе се лекторираат и публикациите и учебниците што се издаваат на македонски јазик, магистерските и докторските трудови што се напишани на македонски јазик, како и тие што се преведуваат на македонски јазик од други јазици, плакатите, летоците, проспектите, транспарентите и друг вид рекламен материјал во физичка форма на правните лица, понатаму називите на производите, амбалажите, налепниците, упатствата, декларациите, сертификатите, лекарствата, сметките, фактурите, уплатниците, потврдите и слично.

Костадиносвка-Стојчевска, во своето излагање истакна:

„Со предлогот на Законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадри за изучување на македонскиот јазик. Како и досега, и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. Во изминативе 20 години од примената на Законот, повеќе од 400 лица го положиле испитот за добивање лекторска лиценца. Испитот се полага пред Комисија што ја основа министерот за култура“.

Во однос на казнената политика, министерката за култура објасни дека за вршење инспекциски надзор над примената на Законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице.

„Инспекторатот ќе биде насочен кон вршење на инспекциски надзор исклучиво од аспект на примената на македонскиот стандарден јазик, со што верувам дека ќе се зголеми правилната употреба на македонскиот јазик и тоа во сите области и сфери во кои тој се употребува. Прекршочните одредби се усогласени со новиот Закон за прекршоците. Во овој предлог на закон, во согласност со Законот за прекршоците, а имајќи предвид дека станува збор за прекршоци од областа на заштитата на културното наследство (јазикот како духовно, нематеријално културно богатство), се пропишуваат глоби во трикратно повисок износ од максимално утврдените глоби“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Јазикот е нашиот темел, израз на нашиот идентитет. Затоа, секој стручен влог во донесување на правната рамка за негова употреба, за правилно пренесување и користење, а со тоа и чување на неговите посебности е драгоцен придонес за нас самите и за нашата државност.

Членовите на Комисијата за култура се согласија дека станува збор за квалитетен Предлог-закон, и посочија дека предлог текстот сепак има простор за подобрување. На забелешките кои се главно од техничка природа, во второто читање ќе се реагира амандмански.

Tags: Бисера Костадиновска Стојчевска, Предлог-законот за употребата на македонски јазик
Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаПредлог-законот за употребата на македонски јазик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ