• Latest
А1

Костовски: Единствена национална телевизија со странска инвестиција беше А1

February 12, 2024

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Костовски: Единствена национална телевизија со странска инвестиција беше А1

February 12, 2024 13:13
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ТОП 5
А1

ПОНУДА Од утро до мрак, во партиски клешти

Share on FacebookShare on Twitter

„Земјата има 40 телевизии и нешто на 60 радио станици! Колку само за потсетување, без да навлегуваме во детали што се горе-долу познати, телевизиите со национална фреквенција беа поделени на оние кои во еден миг имаа пари, односно го грабнаа најголемиот колач во транзицијата, во првата акумулација на капиталот во малата Македонија“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Борба за затворено општество: Медиумски простор со еднонасочна идеолошка радијација“.

Во контекст на плуралноста на медиумскиот просотор и колку тој е независен и слободен, Костовски размислува од аспект на сопственоста на медиумите и влијанието кое го имаат во јавниот дискурс.

„Единствено телевизијата А1 се базираше на странска инвестиција од „Фондацијата Сорос“ со провидно покритие низ пилешките копани на газда Велија Рамковски. Потоа дојде Сител која се базираше на фудбалот (стадионот како голема подарена деловна зграда, а тука се и парите за донирање на развојот на фудбалот што се претворија во пари за телевизијата), потоа Телма која се базираше на монополот за увоз и дистрибуција на горива на Макпетрол. Канал 5 која на стартот ја држеше една сметководствена фирма, но сопственикот потоа ги водеше финансиите на ВМРО-ДПМНЕ, во чија влада сопственикот беше и министер.

Ова прашање, едноставно така, се тркала со години, повеќе од три децении и има сериозно, стравотно, па и пресудно влијание во сите изборни процеси. Преку медиумите, било да е тоа МТВ или телевизиите со национална фреквенција, потоа оние со кандидатски статус за таа позиција, а секако и регионалните, се фатени во клештите на политичките партии или, да бидеме поконкретни, главно на една партија со своите коалициони партнери – ВМРО-ДПМНЕ. Кога говориме за македонскиот блок, се разбира“, вели Костовски.


Борба за затворено општество: Медиумски простор со еднонасочна идеолошка радијација

Tags: A1Љубомир КостовскиМедиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ