• Latest

Костуранова: Независно од Македонија, младите ќе завршат во ЕУ

July 7, 2018
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Костуранова: Независно од Македонија, младите ќе завршат во ЕУ

July 7, 2018 17:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија има егзодус на млади луѓе. Сведоци сме веќе половина декада како младите си одат. Се разбира дека тоа е слобода, учење, можност за напредок и секој треба да има простор да си го одбере својот животен пат,   но има и негативни карактеристики на иселувањето во странство во обемот во кој се случува во Македонија“, изјави Дона Костуранова, МОФ, на коференцијата Макеоднски перспектви: Како до Еворпа?, во организација на ЦИВИЛ и МЦМС.

„Дефинитивно миграциите кај нас не се избор туку егзодус, затоа што не може да се најде работа, имаме луѓе што се враќаат со магистерски од најреномираните светски универзитети и едноставно не можат да добијат работа на обичен јавен универзитет во државата, а да не зборуваме на некое друго место, делумно можеби затоа што се преквалификувани, делумно затоа што системот ни е непостоечки или едноставно некој не ги сака…“, смета Костуранова

„Причините што ги бркаат младите, на пример според последното истражување 60%од нив не се гледаат во Македонија, се квалитет на живот, работа, стандард… ЕУ го констатира ова во неколку документи, не директно, не велам дека  младите се приоритет, но што вели? Во извештаите за напредок, образованието секогаш се потенцира, вработување, посебно младинско вработување е секогаш потенцирана тема и учество на младите во процесите на одлучување за да немаме само писмени и работливи, туку и активни граѓани. Во стратегијата за Западен Балкан вели: стручното образование е приоритет. Ние  сѐ уште не знаеме како да се трансформираме од систем кој наместо да го потценува стручното образование го вреднува како тоа што е затоа што буквално сѐ би се распаднало кога не би ги имале луѓето од струката… Што значи тоа за нас? Апсолутно приоритет на Владата треба да бидат младите…

Престои референдумот, кога многу луѓе ќе треба да се изразат како гледаат на нештата посебно важен за младите луѓе од аспект на лекциите што ги видовме во другите земји, тежината на одлуките и годините од нашиот живот што треба да ги живееме со тие одлуки. Затоа е важно младите многу добро да си го локализираат својот став тука затоа што и најдолго време ќе ги чувствуваат последиците од одлуките.

Ако работите не тргнат во правец кој го посакуваме во нашиот напредок кон европското семејство, младите таму ќе завршат сакале ние или не. Младите во Македонија, посебно оние академски и професионално успешни  веќе се во ЕУ. Многу од нас остануваат тука во Македонија  и се прашуваат зошто, ама ако не го најдете одговорот на ова прашање како да најдат намена и функција во оваа општество и тие ќе завршат во ЕУ, без разлика дали Македонија е таму или не“, изјави Костуранова зборувајќи за причините и последиците од егзодусот на младите во Македонија и за приоритетите ако сакаме да ги задржиме во змејата независно од исходот на процесот за влез во ЕУ и НАТО.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: Дона КостурановаЕУконференцијамладиМЦМСЦивил
Share122TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ