„Ставот наш е сконцентриран за она што е најважно во државата, тоа е продолжување на евроинтегративниот процес, второ справување со кризите кои постојат во моментов и трето изборите односно да се договориме сите партии со консензус за датумот на нивно одржување. Нашиот став е во името на демократијата тие да бидат во редовен термин,“ рече пратеникот од СДСМ ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој посочи дека коалицијата е стабилна, законите се гласаат, нема промени во однос на колегите ниту на Владата.
„Должиме нормализирање на демократските процеси во државата,“заклучи Коциќ.