• Latest
Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија/Фотографија Ангел Ангеловски

Ковачевски: Дел од инвестициите се во насока на унапредување на дистрибутивната и преносната електро-енергетска мрежа и прекугранично поврзување

January 31, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Дел од инвестициите се во насока на унапредување на дистрибутивната и преносната електро-енергетска мрежа и прекугранично поврзување

January 31, 2023 12:16
in ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија/Фотографија Ангел Ангеловски

Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија/Фотографија Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

„Мора да се менаџира недостатокот на електрична енергија и високите цени во моментот за да не предизивика ценовен шок за граѓаните и да се инвестира за да не се случат вакви потреси во енергетскиот пазар кои што ги има Европа во моментот“, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на панелот „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, од вториот ден од годишната владина конференција „Година на нови можности“.

„Успеавме да ја субвенционираме цената за 80 отсто, во спротивно центат ќе беше пет пати повисока, до три пати повисока за малите потрошувачи. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана и сите видовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна Ковачевски.

„Инвестициите се во три насоки. Првата е поврзување и диверзификација на енергенсите на државата. Се работи на инвестиции за нов гасовод од Грција, уште еден од Бугарија и потенцијалните гасоводи од Албанија. Тоа овозможува базната енергија што веќе 40 години се произведнува доминантно од јаглен од РЕК Битола, да може да размислуваме за гасни централи на базна енергија“, додаде Ковачевски.

Минатата година се инсталирани обновливи избори на енергија над 150 мегавати што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства. Ковачевски истакна дека еден од историските моменти е Чебрен и Галиште, еден од клучните проекти, кој по 14 години неуспешни тендери ја има како понудувач гршката државна енергетска компанија.

„Доколку ги исполни условите од тендерот и се склучи договор ќе почне изградба на овој капитален проект, којшто од една страна ќе произведува базна енергија од хидро потенцијалот, а од друга страна ќе може да го користи вишокот од фотоволтаиците, електричната енергија за ревизибилно работење на самата централа. Третиот дел на инвестициите е унапредување на дистрибутивната и преносната електро енергетска мрежа, прекугранично поврзување во регионот“, истакна Ковачевски.

Б. Јордановска

Tags: Димитар Ковачевскиенергијаинвестицииконференција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ