• Latest

Ковачевски: Нашите институции можат да спроведат демократски избори на кои што гласачите ќе можат да ја изразат слободно својата гласачка волја

March 20, 2024

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Нашите институции можат да спроведат демократски избори на кои што гласачите ќе можат да ја изразат слободно својата гласачка волја

March 20, 2024 20:00
in ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нашите институции се изградени на врвно демократско ниво. Нашите институции јас сум убеден дека можат да спроведат и се способни да спроведат демократски избори на кои што гласачите ќе можат да изразат слободно својата гласачка волја. И тоа ќе случи на 24 април и на 8 мај. Во однос на влијанието на негативните ефекти, ние во нашата држава имаме безбедносни служби кои што безбедносни служби на дневно ниво соработуваат со партнерските земји членки на НАТО вклучително и на највисоко ниво со безбедносните служби на САД“ изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју на Алсат.

Тој смета дека тие имаат капацитет да се справат со било какви предизвици од овој аспект.

„Инаку во текот на кампањата, кога зборуваме за реторика ние ќе се изнаслушаме многу и за Русија и за Америка и за Северна, Јужна Кореја и за многу други. Но сметам дека Северна Македонија како земја членка на НАТО има капацитет, граѓаните исто така изградија свесност дека живеат во земја членка на НАТО, најголемата безбедносна одбранбена организација во светот“, заклучи Ковачевски.

Без СДСМ не постои процес за европска интеграција во нашата држава

„Oна што политичките партии, но и другите политички партии дел од Владата која јас ја предводев ги обедини е идејата за европска Македонија. Доколку погледнете најголемите одлуки кои се однесуваат на евроинтеграциите, на интеграцијата во НАТО, на почнување и завршување на процесот на скрининг, беа направени токму во време на мандатот во Влада предводена од СДСМ. Зошто потенцирам СДСМ? Бидејќи без СДСМ не постои процес за европска интеграција во нашата држава. Тргнувајќи од тој факт во минатото би кажал, не толку во последните месеци се разговараше за една идеја како би изгледала една коалиција којашто би настапиле сите политички партии кои имаат јасна визија и јасна стратешка цел за интеграција на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година. Со оглед на тоа што ние пред нас имаме одлуки кои што треба да ги донесеме, тука пред се мислам на уставните измени кои се носат 2/3 и други закони кои произлегуваат од преговарачкиот процес за кој исто треба 2/3. Но, минатата година во јуни некаде беше јасно дека таква коалиција нема да се случи, ова досега го немам кажано, со оглед на тоа дека 1 од коалиционите партнери во Владата, АА и нивниот претседател Арбен Таравари, тој беше јасно одлучен да настапи заедно со албанската опозиција. Тоа верувам дека го стави ДУИ како политичка партија во една подруга положба со оглед на тоа дека тие мораа да излезат со свој кандидат на претседателските избори, за да можат да се борат за своите гласови. Со оглед на тоа дека ние ваква слична ситуација имавме пред 5 години но тогаш кандидат на албанската опозиција беше еден успешен професор, дипломат, но сепак не беше политички профилиран. Ние во моментов имаме претседателски кандидат на албанската опозиција кој 2 пати сам успеал да го победи ДУИ во Гостивар и од таа причина веројатно тие разговори не беа ни водени. Јас гледам има различни шпекулации“, изјави претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека политичката динамика во Македонија налага да секој ги презентира програмите во електоратот кој е традиционален електорат во политичките партии и додаде дека на крајот на денот кога ќе излезат политичките програми ќе има 2 блока. Едниот ќе се залага за интеграција во ЕУ до 2030 година, и втор блок на политички партии предводен од ВМРО – ДПМНЕ којшто ќе се залага за некакво алтернативно сценарио, за кое не постои ниту план, ниту објаснување и тоа на сите веќе ни е јасно и на граѓаните.

„Тоа ќе бидат избори на кои СДСМ и нашата коалиција, ние имаме коалициони партнери кои се традиционални, кои застапуваат европски вредности и политички партии кои се членки на европските организации, на прогресивни, на либерални партии, на зелени партии итн. Кои ќе понудат надеж на граѓаните, а од друга страна ќе имаме безнадежност“, заклучи Ковачевски.

 Ние како политичка партија имаме многу јасна визија дека сакаме да ја видиме Северна Македонија како земја членка на ЕУ

„Сметам дека во веќе повеќе од 2 години мандат како претседател на партија и како претседател на Владата докажав дека се грижам за граѓаните, ние работевме како Влада во едни тешки услови. Услови на криза, започнавме со здравствена пандемија, продолжи енергетската криза, војната во Украина, па инфлација и успеавме да се справиме со граѓаните со сите тие предизвици. Покажавме дека ги зголемивме и пензиите и платите, ја намаливме невработеноста двојно, обезбедивме 2,6 милијарди евра на пакети антикризни мерки за најранливите категории на граѓани. Јас исто така живеам тука, знам дека е тешко, ги разбирам граѓаните. Секогаш може да се направи повеќе, се уште ние имаме пензионери кои кубурат да сврзат крај со крај, има родитлеи кои ќе легнат гладни за да можат да имаат повеќе средства за своите деца утредента. Меѓутоа факт е дека досега ги зголемивме пензиите за 50%. Ја зголемивме минималната плата и ќе продолжиме со такви мерки и во новата програма“, изјави Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека се занимава со политиката од 1994, како член на СДСМ, бил дел од ЦО во три наврати и на младина и на сениорите, член на претседателство во два наврати, претседател на партија.

„Политиката не е спортско обложување и политиката е еден долгорочен процес во кој политичарите се тие кои ја поставуваат визијата и ја презентираат за една држава. Ние како политичка партија имаме многу јасна визија дека сакаме да ја видиме Северна Македонија како земја членка на ЕУ, тоа не само како осварување на сон за европска Македонија туку како остварување на стремежот за држава во која доаѓаат европски правила за владеење на право, европски правила на демократија, на слобода на медиумите што и го направивме. Европски животен стандард, европски плати и тоа е целта за која се залага СДСМ“, заклучи Ковачевски.

Господинот Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори и тој е победнички кандидат затоа што е поддржан од сите прогресивни партии во државата

„Господинот Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори и тој е победнички кандидат затоа што е поддржан од сите прогресивни партии во државата. Второ тој се покажа како претседател на сите, во неговиот пет годишен мандат немаше ниту една стратешка грешка. Тој ги поддржа сите стратешки процеси во државата, немаше ниту една афера што се однесува на него. Претседателот Пендаровски се однесуваше кон сите граѓани еднакво без разлика на нивната етничка или било каква припадност. Има едно прекрасно семејство кое што јас имав можност да го запознаам, да ја запознаам неговата сопруга Елизабета, неговиот син кој што е одличен инженер кој што тоа и го студира и кој што иднината ја гледа тука во Македонија и сметам дека претседателот Пендаровски е победничкиот кандидат на престојните претседателски избори и ќе продолжи заедно со влада составена од СДСМ на патот на европските интеграции до 2028 година да ги отвориме и затвориме преговарачките поглавја и до 2030 да бидат ратификувани потребните документи за наш прием во ЕУ“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју на Алсат.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУизбориКовачевскиПендаровскиСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ