ВЕСТ НА ДЕНОТ
Ковачевски – Сарацин: Северна Македонија е на патот што води кон напредок и просперитет
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Османи: ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња, Украина останува наш главен приоритет
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Верешчук: Русија подготвува нов бран на насилна депортација на Украинците, тоа е чин на геноцид
Плановите на Русија да ги депортира украинските граѓани од привремено окупираните територии на Украина, особено од Херсонската област, се чин на геноцид и за тоа ќе сносат одговорност и оние кои ги одобриле таквите одлуки и оние кои ги извршиле, изјави вицепремиерката – министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук во етер на националниот телетон, пренесува Укринформ.
ИНТЕГРАЦИИ Осврнувајќи се на главната тема на тркалезната маса, претседателот Пендаровски истакна дека членството во ЕУ до 2030 година е можно, но за тоа, според него е потребно одржување на националниот консезус и Брисел да го задржи вниманието кон регионот.
КОНСЕНЗУС Вистинскиот национален консензус за Европската Унија за жал кај нас се уште не е постигнат од сите политички актери, затоа што до сега во најголем дел бил само декларативен. Потребен ни е консензус со одговор на прашањето од сите политички чинители дали сакаме да станеме членка на ЕУ не под условите кои ние сме ги замислиле, туку под условите кои реално се на масата, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?
Високи претставници на Владата, граѓанското општество и експертската заедница денеска говореа на Конференцијата на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество „Различностите, благодат или проклетство“.
ШТО, КАДЕ И КОГА? Конференцијата се одвива во денови кога темата е исклучително важна и ги допира најсензитивните области од општествено политичкото живеење во земјата. Воедно, Конференцијата на Цивил се совпаѓа и со финализирањето на Стратегијата 2023-2025 за мултикултурализам и интеркултурализам според која институциите ќе добијат насоки за креирање и спроведување политики и практики по овие комплексни прашања.
КОМЕНТАРИ