„На претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на Северна Македонија. На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на РСМ и Влада со кои што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Јас ви кажувам дека во следниот мандат ќе биде влезот во ЕУ. До 2024та“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
„СДСМ е партија со најголем демократски капацитет во државата и претседателот на партијата го бираме на непосредни избори и можам да ви кажам задачите како политички кандидат, тоа е претседателски кандидат која што се залага за евроинтеграцијата на државата, претседателски кандидат кој што се залага за надворешна политика која што е целосна усогласена со НАТО како членка на НАТО и со надворешната политика на ЕУ“, посочи Ковачевски.
Тој додаде дека е направен успешен скрининг процес кој што завршува идната недела европскиот совет. Според него, заклучоците на европскиот совет ќе бидат дека Северна Македонија направила успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка за да се продолжи со отварањето на поглавјето.
„СДСМ ќе победи на избори. Затоа што, од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата“, заклучи Ковачевски.