„Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и во Албанија. Во другите земји во регионот, на пример, Црна Гора и Косово, се борат со бојкот на парламентите. Се чини дека ова е регионален тренд, кој е контрапродуктивен за демократскиот развој во земјите кои европскиот праг“, смета европратеникот Едвард Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, во интервјуто за за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans).
Тој се надева дека во следните месеци ќе има значителен пресврт во овој тренд, затоа што како што вели, тоа е првиот и најфундаментален Копенхашки критериум.
Заклучокот што може да се извлече од интервјуто со европратеникот во кое се зборува и за перспективата на Европската унија, за политиката на проширување и за состојбите во земјите од Западен Балкан – кандидати за членство во ЕУ, е дека Македонија без да го почитува владеењето на правото нема да може да биде дел од европското семејство.