• Latest

Куршумите се стишија во Косово, но „се пука“ со говор на омраза на социјалните мрежи!

September 26, 2023
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Куршумите се стишија во Косово, но „се пука“ со говор на омраза на социјалните мрежи!

September 26, 2023 14:38
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Еднодневниот конфликт во северот на Косово разлеа дезинформации и говор на омраза на социјалните мрежи.

„Главите да ви се скинат Ш****** племо секаде сте црвен пипер“;

„…Еден сончев ден повторно ќе се прават логори за избеглици, ама накај Албанија. Крвта арнаутска да ви ја е***!“;

„…Србите си ја бранат својата земја Косово, срцето на Србија и нема лесно да ви ја дадат да ја споите со Албанија…;

„Да го оставеа Слободан Милошевиќ 1999 година досега ќе немаше ниту еден ш***** сите ќе беа во Албанија, а не сега да дигаа прашина само да не беше сатанската Америка и Европа да ги штити на ш*****е“;

„Си играте со држава сетне ќе бегате со плачење, кај нас овдека со автобуси ќе ве носеа овие од КФОР, пепел ќе ве стори Србија“.

„Абе не знам зошто северџаните се грижат толку за тоа расипано племе“!

Ова се само дел од илјадниците објави и коментари на социјалните мрежи кои содржат експлицитен говор на омраза, а некои од нив и повици на етничко чистење и геноцид, што е кривично дело.

Погрешни и непотврдени информации и дезинформации за престрелките во Косово, 24 септември

Дел од косовските медиуми објавија вест дека еден од убиените Срби е Радомир Почуча, поранешен портпарол на специјалната антитерористичка единица во Србија, а воедно е и осудуван од српските судови, како учесник во странски војни. Тој учествуваше во војната во Донбас на страната на сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година. Веројатно се работи за погрешна информација.

Подоцна, во текот на денот, оваа вест ја побива лице кое на социјалните мрежи се претстави како Почуча со видео во кое тој порачува дека е жив. Дека екстремистот Почуча не е меѓу убиените, пишуваше и српскиот портал Данас.

Во дел од медиумите се прошири информација дека дел од вооружените напаѓачи се префрлени во Србија со помош на КФОР и ЕУЛЕКС. Но, досега таквата информација не е потврдена.

Денеска, генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа изјави дека оние од осомничените кои не биле неутрализирани или уапсени во нападот, успеале да заминат пеш од областа „во и околу манастирот Бањска“. Дрон снимил како косовската полиција ги бркала маскираните напаѓачи во селото Бањска. Видеото го објави телевизиајта Клан Косова. Автентичноста на видеото не е потврдена.

Во медиумите се шпекулира со различна бројка на убиени, повредени и уапсени, некои медиуми објавија дека се убиени 4 лица, некои објавија дека се убиени 5 напаѓачи.

Според официјалните податоци на косовската полиција убиени се тројца напаѓачи, уапсени се двајца напаѓачи и четворица осомничени кои нелегално поседувале радио комуникации, а за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористичка група.

Останаа отворени прашањата како успеала да се извлече групата од 30-тина вооружени лица? Каде заминаа? Каде се сега? Кој ги организирал? Кој им дал оружје? Која им беше целта на вооружениот напад?

Затишија куршумите во Косово, меѓутоа се засили „пукањето“ со говор на омраза на социјалните мрежи!

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 

Tags: говор на омразаКосовонационализамсоцијални мрежи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ