• Latest

Македонија, 1 Мај: Кршење на работничките права, социјална неправда, мобинг, дискриминација и политички притисоци

May 1, 2017
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонија, 1 Мај: Кршење на работничките права, социјална неправда, мобинг, дискриминација и политички притисоци

May 1, 2017 12:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода им го честита 1 Мај на сите работнички и работници во Република Македонија и во светот. На овој ден, гласно бараме да се престане со нечовечниот однос кон работничките и работниците. Бараме менување на законите во полза на работничките права и нивно доследно спроведување.

Бараме од синдикатите, граѓанските организации, политичките партии и сите што се декларираат дека се борат за социјална правда и работнички права, од денеска тоа да го прават вистински и искрено или да престанат со лагите и опортунизмот.

Работничките права се згазени, а животот на работниците е мизерен и недостоинствен, за што се одговорни владата и крајно несовесната бизнис заедница во земјата.

Работниците во оваа земја имаат најниски плати во Европа. Работниците често не примаат ни минимална социјална, здравствена и правна заштита.

Работниците работат во ужасни услови, најчесто без основни средства за заштита на работното место.

Мобингот е широко распространет, а законската заштита од него е невидлива во пракса.

Жените работнички се дополнително лошо третирани, често се понижувани и дискриминирани врз основа на нивната родова припадност, а неретки се случаите на сексуално малтретирање, за што не се осмелуваат да проговорат јавно. Самохраните мајки се во уште потешка положба.

Работниците често се исплаќаат со пари во готово. Кога се болни, пак, мораат да враќаат кеш пари на своите газди или шефови. Често им подметнуваат разни договори дека се откажуваат од одредени бенефиции и ги принудуваат да ги потпишат.

Во голем број случаи, политичката дискриминација и притисок врз работниците во реалниот сектор е речиси исто толку присутна како и во администрацијата. Под притисок на политичките центри на моќта, односно на до неодамна владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сопствениците на бизниси во земјата се принудени на работа да примаат партиски војници.

Третманот на работниците во администрацијата и јавните претпријатија е поинаква, но не помалку лоша. Партискиот притисок, дискриминацијата и мобингот се сеприсутни. Стручната и образовната подготовка, работното искуство и ефектите од работата се потполно неважни критериуми. За добивање, задржување на работното место и напредување во администрацијата и јавните претпријатија, пресудни се лојалноста кон ВМРО-ДПМНЕ и ефектите од учеството во црните кампањи на оваа партија.

Затоа, уште еднаш ги повикуваме работничките и работниците да пријавуваат кршење на нивните права, мобинг, дискриминација и политички притисоци. Ги повикуваме да се охрабрат и гласно да ги побараат своите права, бидејќи им припаѓаат!

Среќен 1 Мај!

Tags: 1 Мајработнички правасоопштениесоцијална правдаЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ