Продолжува милионитата епизода од серијалот Македонија без компас. Денеска во центарот на вниманието повторно се калкулациите за реконстуирањето на Владата.
Амди Бајрам, Беса, ДПА, кој што ќе добие, а што ќе изгуби е дебатата која денеска се води во јавноста.
Од останатите настани повторно во фокусот е утрешната тет-а-тет средба на Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан којшто ќе се одржи во Софија.
Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“ односно петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Од останатите рочишта на предметите на СЈО, денеска Драган Павловиќ Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тревник“, а главната расправа ќе се одржи на 27 јуни.
Нема крај и на препукувањата меѓу најголемите политички партии од македонскиот блок, денеска темата е економијата. Додека ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека државата оди кон банкрот, од СДСМ пак велат дека успешните економски политики на власта овозможиле државата да добива најниски економски стапки во историјата.
Маја Ивановска