• Latest

Амди, Ѕинго и останатиот шљам на македонскиот политички панаѓур

May 16, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Амди, Ѕинго и останатиот шљам на македонскиот политички панаѓур

May 16, 2018 12:34
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Влегувањето на таа насилничка гротеска од политичар Амди Бајрам во владата не е ни оддалеку помалку неморална политичка постапка, отколку влегувањето на еден Ѕинго. Штетата која македонската демократија ја претрпе во изминатите децении, а особено во времето кога овој кратовски деспот беше во верна и топла прегратка со ВМРО-ДПМНЕ, е неспоредливо поголема, отколку онаа што ја предизвикал кланот на Амди. И – не се единствените живописни „народњаци“ во македонската чорба која мора да ја сркаме и прескапо да ја платиме.

Пишува: Џабир Дерала

Причините што Амди, а со тоа и владата на Заев, е мета на онлајн гневот лежат во неговата видлива вулгарност и насилништво. Амди е човекот кој физички нападна кандидатка за пратеничка (сега вице-премиерка) среде избирачко место, тепаше, ограбуваше и малтретираше сѐ што мрда во Шуто Оризари и секаде каде што за тоа му се укажуваше можност.

Но, Ѕинго е неспоредливо поголем насилник, деспот кој преку својата бизнис-политичко-медиумска империја влијае на целото македонско општество со децении наназад. Тоа е човек од кој проплака и старо и младо во Кратово и секаде кај што е присутен овој пост-комунистички олигарх, инаку некогаш близок пријател на Слободан Милошевиќ.

Аргументите за овие непопуларни потези на Заев се дека реформските зафати и аспирации на Македонија се преголеми за кревкото парламентарно мнозинство кое го има сегашната владејачка партија. Сонот за напредокот на Македонија не може да се достигне без да се постигне бројката на брзи прсти на копчињата за гласање во Парламентот. Па нека се тие брзи прсти и долги и длабоко зацапани до лакти во џебовите на граѓанките и граѓаните, во криминал, самоволие и насилие. Дали тоа е доволно добро оправдание? Дали целта ги оправдува средствата? Дали до животот треба да стигнеме со амнестија на корумпирани насилници и деспоти?

Можеше и поинаку. Но, за тоа се потребни судови и судии кои корупцијата, таењето на данокот, криминалот и насилството ќе го осудат доследно и според законите. Наместо корумпираните политичари и нивните медиумски измеќари (во превод: собирачи на измет) да се соочат со долго очекуваната правда, да седнат на обвинителна клупа или барем да бидат политички пензионирани (читај: погребани), тие се повампирија и станаа фактор на животот (или смртта) на демократска и просперитетна Македонија.

Ваквиот владино-административен инженеринг, поточно циркус, нема да обезбеди правда, туку само преземање на заболената мрша наследена од Груевски и Фамилијата, а не демократска трансформација. Послушноста на Амди, Ѕинго, Гаши, Тачи, Ахмети… (листата е многу подолга) и понатаму го остава Парламентот во улога на гласачка машинерија, а не арена за артикулација на потребите и барањата на гласачите. За тоа време, амнестираните политички намесници ќе останат и понатаму окосница на политичката корупција со која се добиваат избори во недоглед, а демократијата се остава на празниот перон на пругата која не води никаде.

Политичарите кои се дел од новиот бран на „подновувања“ во владата ќе ја дадат својата поддршка во замена за амнестија и за уште профит, политички и финансиски. И ќе му го свртат грбот на Заев во првиот погоден момент. И не само тоа, туку ќе го стават во кафез, како што Амди на цел глас се дереше по плоштадите, додека зад него се потсмеваа токму неговите ментори кои го шетаа наоколу како мечка на синџир низ македонскиот политички панаѓур. И Амди и Ѕинго и сиот останат шљам во оваа гротеска од трансформација на Македонија од заробена во слободна држава, не ветуваат ништо освен продолжена агонија со неизвесен крај.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: Амди бајрамвлададемократијаЗаевЅингореформи
Share327TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ