• Latest

Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи

August 3, 2017

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи

August 3, 2017 10:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Фактот што јас, како премиер на Република Македонија, претседавав со специјалниот состанок на А5 Самитот на Јадранската повелба, тоа што Република Македонија е ко-домаќин со Република Црна Гора на овој значаен настан, на кој што присуствува висок претставник на САД, потпретседателот Мајкл  Пенс, потврдува дека Република Македонија ја донесовме на вистинскиот пат“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев на Самиот на Јадранската повелба, што вчера заврши во Подгорица.

Во излагањето на завршната прес-конференција Заев потенцираше дека Македонија енергично работи за соработка во регионот и се отвора кон соседите, како и дека очекува Македонија да стане 30-та членка на НАТО… „Убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи, храбро влеговме во рефрормските процеси, се отворивме за интензивна соработка со соседите, покажавме одговорност кон меѓународната заедница дека сакаме и можеме да придонесуваме и колективните процеси за стабилен и безбеден свет. Тоа е препознаено…“.

На самитот Заев имаше билатерални средби со црногорскиот премиер Душан Марковиќ и со потпретседателот на САД, Мајкл Пенс.

Американскиот потпретседател го пренел ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД ги поддржуваат Република Македонија и регионот во определбите за интеграциите во НАТО.

Одговарајќи на новинарско прашање за средбата со пенс, Заев рече: „Јас сум убеден дека новата Влада ќе ги даде сите можни причини, за да добиеме понатамошна поддршка и помош од САД. Тоа беше недвосмислено истакнато од потпретседателот Пенс и од  другите на Самитот, пред сите присутни и пред медиумите… Зборувавме и дека, секако, тоа многу зависи и од нас, и од Грција. Ние ќе направиме сè што можеме за да го придвижиме овој процес. Зборувавме дека навистина сме опкружени со земји членки. Македонија остана како една, ‘црна дупка’, обиколена со Романија, Бугарија, Албанија, Грција и Црна Гора, сите се земји членки на НАТО. Крајно време е да го заокружиме и овој дел, во делот на НАТО, покриеноста регионот и со нашата партиципативност“.

Пранешниот конгресмен Ерл Померој за Гласот на Америка на македонски јазик изјави дека потпретседателот Пенс не можел да биде појасен во неговата порака дека САД имаат огромен интерес за позитивен напредок на државите од Западен Балкан

„Тоа што тој отиде на Јадранската конференција, чиј кодомаќин беше Македонија, во многу бурно време во САД, покажува дека постои значителна загриженост во нашата држава. Знаеме дека Русија се обидува да влијае во домашната политика на државите од Западен Балкан. Тоа е сериозна работа и нам не ни се допаѓа. Нивото на руското мешање е значително големо, што е и причина за ова патување на Пенс во Европа“, рече Померој.. Според него, Пенс понудил пријателски совет дека иднината на Западниот Балкан, вклучувајќи ја и иднината на Македонија, изгледа посветла ориентирана кон Западот, НАТО и кон ЕУ. Верувам дека поддршката од САД ќе остане постојана“.

Померој ги истакна и чекорите преземени од новата Влада и подготвеноста на Македонија да стане полноправна членка на Алијансата, а како пример за поддршката на САД на Македонија, ја наведе заедничката вежба на армиите на двете држави што сега се одвива на полигонот Криволак.

Tags: ЗаевЈадранска пвелбаМакедонијаМарковиќНАТОПенсПодгорицаПомеројСАДСамитЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ