• Latest

Македонија: Преглед на настани (14 јули 2016)

July 14, 2016
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (14 јули 2016)

July 14, 2016 23:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (14 јули 2016 година): ВМРО-НП бара оставка од министерот за правда || Собранието изгласа дополнување на Законот за основање на нов универзитет || Европската комисија задоволна од последните преговори во Пржино || Уставноста на СЈО ќе се оценува во септември || Со ад-хок тело пред избори ќе се контролира работата на медиумите? || Кире Наумов од СДСМ со барање да не се купува еврообврзницата ||  Еврообврзницата сепак, ќе се издава?

-1

ВМРО-НП бара оставка од министерот за правда

Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар реагираат на, како што наведуваат, противуставната и противзаконската одлука на Судскиот буџетски совет за исплата на намалени плати за 40 отсто на вработените во судската администрација кои штрајкуваат веќе два месеца и бараат итна оставка од министерот за правда, Валдет Џафери.

 

Собранието изгласа дополнување на Законот за основање на нов универзитет

cv

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 108 седница со 62 гласа „за“ и еден „против“ го донесе Законот за дополнување на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје. Расправата по законот беше завршена на претходното продолжение на 108. седница, така што пратениците само гласаа за него.

 

Европската комисија задоволна од последните преговори во Пржино

„Задоволни сме што вчера партиите направија напредок во преговорите и ги охрабруваме во најкус можен рок да постигнат договор за преостанатите барања, што може да се постигне само со добра волја од сите страни“, изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

 

Уставноста на СЈО ќе се оценува во септември

????????????????????????????????????

Уставноста на СЈО не се најде на дневен ред ниту на последната седница на Уставниот суд. Во агендата не беа ставени никакви иницијативи туку само нацрт решенија кои ги донел судот. Тоа значи дека сепак приоритетното прашање на Шарените револуционери ќе почека до септември ако не и подолго.

 

Со ад-хок тело пред избори ќе се контролира работата на медиумите

10928989_707104132741392_4410217739010241663_n

Ад-хок тело, кое 100 дена пред избори ќе ја контролира работата на медиумите во државата, е предлогот за кој партиските претставници постигнале согласност во текот на  преговорите во Пржино. Се предвидува членовите на ад-хок телото да ги предложат четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, секоја партија по еден член, а петтиот член ќе биде избран со договор меѓу избраните!? ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорката на Македонскиот институт за медиуми, Жанета Трајкоска за улогата на ова тело и за ефектот од неговото формирање на ваков начин. Трајкоска е категорична дека се работи за целосно погрешна одлука која само ќе им овозможи на партиите да влијаат врз медиумските содржини.

 

Кире Наумов од СДСМ со барање да не се купува еврообврзницата

Кире Наумов, кој беше дополнителен заменик министер за финансии во Владата за спроведување избори е лицето од опозицијата за кое Ројтерс објави дека напишал писмо до инвеститорите да внимаваат при купување на македонската еврообврзница. Наумов за порталот потврдил дека тој од името на СДСМ испратил писмо до водечките светски медиуми специјализирани за бизнис, како што се Блумберг, Форбс, Томсон Ројтерс, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си… и водечките банки заинтересирани да инвестираат во еврообрзницата, со предупредување дека издавањето на еврообврзницата не е законско и треба да бидат внимателни при купувањето.

 

Еврообврзницата сепак ќе се издава?

„Имаше голем интерес кај инвеститорите токму за оваа обврзница, но поради деструкцијата на опозицијата процесот на нејзиното издавање е одложен“, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски. Тој нагласува дека издавањето сепак, ќе се одржи, но, репутацијата на државата е доведена во прашање.


 

German Cooperation logo - CЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mк

 

Tags: избориМакедонијапрегледПржиноЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ