• Latest

Македонска медиумска чорба од немиен кромид

April 1, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонска медиумска чорба од немиен кромид

April 1, 2023 16:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Прекрасно богата и слатка, со точно одмерена количина киселост, чорбата од кромид ѝ пркоси на скромната репутација на нејзината главна состојка… Кромидот. Тешко е да се замисли состојка што е полесно достапна, разновидна и поевтина. Скромен по изглед, и покрај неговите карактеристични вкусови, кромидот често не добива шанса да го привлече вниманието. Но, таков не е случајот и во македонската медиумска кујна.

Варијации на чорбата од кромид постоеле во Европа уште од античкиот римски и грчки период. Во гастрономијата денес најпознати се 2 вида на чорба од кромид, француската и унгарската. Меѓу гурманите се води полемика за тоа која од овие две е повкусна, иако разликите се во мали детали. Но, сега овие две кралици на чорбите добиваат огромна конкуренција во Македонската медиумска чорба од немиен кромид.

Главна карактеристика, а воедно и најочигледна разлика помеѓу оваа чорба и претходните две е што нашите медиумски готвачи користат исклучиво немиен кромид.

Творецот на рецептот и нарачателот на овој македонски медиумски специјалитет е (навидум) непознат. Главниот готвач се менува, во зависност од тоа каква гозба се подготвува. Да се биде  најдобар главен готвач на Македонската медиумска чорба од немиен кромид очигледно е главен Фактор во фелата.

На немиениот кромид главниот готвач му додава екстра додатоци, го филува, аранжира и секако му подготвува мрсна запршка, така што на останатите помошници готвачи им останува само да ја сервираат и дистрибуираат по останатите медиумски мензи (Плусинфо, Вечер прес, 24 вести, Република, Фокус, Точка…), и секако да се најде на менијата на големите национални медиумски ресторани (Сител, Телма, Мелма…)

И помалите мензи, и националните ресторани не погледнаа во тенџерето дали состојките во него, обработката и подготовката се по ХАСАП/ФАЛАЛ. А нема ни зошто, токму таква беше нарачката, Македонска медиумска супа од немиен кромид. И тргнаа да ја послужуваат на своите консументи.

Но, вака подготвената чорба, кај поголемиот дел од консументите предизвика чувство на повраќање и дијареја. Но, (па и не е некое големо чудо), ниту готвачите и послужителите на супата не се извинија за проблемите што ги предизвикаа во дигестивниот тракт на консументите, ниту пак реагираа надлежните институции, здруженија и совети задолжени за „чистотата“ на послужените медиумски производи.

А и како би реагирале, кога нивните членови се ангажирани во овие кујни, било како главни готвачи, помошници готвачи, салатери, садомијачи, келнери…

На пример, медиумот на „бардот“ на македонското новинарство, координаторот на Регистарот на професионални онлајн медиуми – Промедиа, повеќе пати досега објавува лажни вести и дезинформации и манипулации, сè со цел да создаде анимозитет и недоверба на граѓаните кон институциите.

Или дежурниот долевач на масло (бензин, гас) на огнот, кој и покрај самопрогласените високи професионални вредности, без проверка пренесува лажни вести и дезинформации, со цел преку предизвиканото незадоволство кај народот, да ја примора Владата да ја наведе водата (бензинот, гасот) на воденицата на својот сопственик.

И сега, откако прво самите го лапнаа кромидот немиен, и истиот, доработен потоа им го сервираа на граѓаните, се поставува прашањето, за кои кујни одработуваат?  Или во недостаток на закани со бомби во училиштата, побрзаа да шират несигурност и страв со новата големата лага за вооружениот грабеж во Скопјанка, кој доведе до паника во училиштата во близина на наводниот настан, и предизвика вознемиреност и стрес кај родителите кои побрзаа да си ги земат децата од настава.

Општ молк. Нема ни извинување, ниту од телевизиите со национална концесија ниту од електронските медиумите кои, сите по ред, по принцип на сврзани садови ја дезинформираа целокупната јавност .

Но поважно од ова секако е фактот е  дека добивме уште еден доказ дека кај нас со лагите се управува од еден центар, а дека медиумите (сега не само оние со национална фреквенција, туку и другите) се обичен и слеп извршувач на чорбестите нарачки.

Како поинаку да се протолкува фактот дека никој не отиде навреме да ја провери вистинитоста на веста. А можеа тоа многу лесно да го сторат, требаше само да завртат на мобилните телефони на некој од портпаролите на МВР кои секогаш им стојат на располагање.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: дезинформацииманипулацииМедиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ