• Latest

Македонските маркети, господари на цените во време на криза

March 7, 2023

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Македонските маркети, господари на цените во време на криза

March 7, 2023 08:42
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сега се поднесуваат завршните сметки на компаниите па во очекување сме на новите статистики за профитите на маркетите, за кои економистите постојано велат дека се „воени профитери“. Проценките се дека се очекува слично сценарио како за време на ковид пандемијата кога драстично се зголемија нивните профити. Цените на производите од почетокот на Руската инвазија врз Украина неконтролирано пораснаа, па по интервенцијата на власта се замрзна цената на лебот, а во игра е и замрзнување на цените и на други продукти.

Производителите многу често “топката” за високите цени на одредени производи ја префрлаат токму на маркетите бидејќи иако профитните маржи на основните прехранбени производи се замрзнати до април, со мерка која е на сила од јуни, досега не ги даде посакуваните резултати. Причина за ова е тоа што маркетите постојано калкулираа, па цените воопшто и не се намалија. Ограничена маржа до 5 проценти имаше за лебот, шеќерот, маслото за јадење, а за брашното, тестенините, оризот, за јајцата пак млекото и млечните производи маржата е огрничена до 10 проценти.

Исто така од 1 декември минатата година домашните производители на основните прехранбени продукти користеа субвенционирана електрична енергија, но ниту оваа мерка драстично не ги спушти цените на храната.

Целта беше со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме корегирани цени, рече тогаш министерот за економија Крешник Бектеши.

Цените на храната паѓаат, освен во македонските маркети

Веќе 11 месеци цените на храната се намалуваат според индексот на ФАО Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, се намалуваат. Тоа се случува откако храната драстично поскапе во март 2022 година по почетокот на руската инвазија врз Украина, но тоа не се одразува на цените во македонското производство на храна, кое и покрај тоа што е интегрирано во меѓународниот пазар, цените на храната ги одржува високи. Од друга страна, бизнисмените постојано предупредуваат на долгорочни штети врз бизнисот од ваквите мерки

По одлуката да ја замрзне цената на лебот на 33 денари, Владата подготвува замрзнување на цените и на други основни прехранбени производи. Mинистерот за економија Крешник Бектеши рече дека во моментов се анализираат цените на тестенините и на млечните производи, а одлуката ќе биде објавена оваа недела.

Мелничко-пекарската индустрија се закани дека ќе поднесе тужба поради тоа што смета оти е незаконска владината одлука за замрзнување на цената лебот на 33 денари и обврската за пекарите да произведуваат и испорачуваат леб.

Со спротивен став е министерот за економија Бектеши, кој смета дека оние стопанственици кои најавуваат бојкот тоа го прават од личен интерес и дека станува збор за компании со голем удел на пазарот и зголемени профити, на кои Владата веќе им излегла во пресрет со тоа што им дала субвенционирана струја, а тие не го исполниле своето ветување да ги намалат цените. Бектеши посочи дека одлуките што ги носи Владата се според Законот за трговија.

Во јануари оваа година храната беше за 25 проценти повисока од истиот месец минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика. Лебот и житата беа за 40 проценти поскапи, месото за скоро 30 проценти, а млечните производи и јајцата за 30 отсто.

Колку заработија најголемите ланци на маркети?

Ограничувањето на маржите започна уште во март минатат година кога министерот за економија јавно посочи дека одредени национални ланци на маркети во периодот 2020/21 година, во време на пандемија, оствариле огромни профити и тоа во ериод кога големите маркети биле поддржани од владата со субвенции.

Според завршните сметки што ги покажа, нето профитот на националните ланци се движи од 2 до повеќе од 8 милиони евра.

-Еден од нив во 2020 имал нето-профит од 4 милиони евра, друг 2 милиони евра и помал е, а трет имал профит од 8,5 милиони евра, а нема ни 10 маркети низ државата. Имаме 5 национални ланци кои имаат заработка од минимум 3 милиони евра, а одредени кои немаат ни 10 супемаркети во државата, заработиле над 5 милиони евра. Сите овие беа поддржани директно од владата во време на пандемија, и со плати и со сѐ. Ние сме повикувале на солидарност, да не биде на товар на граѓаните, рече тогаш Бектеши.

„Седумтемина величествени“ најголемите ланци малопродажни маркети за стоки од широка потрошувачка во 2021 година заедно оствариле приход што надмина половина милијарда евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на „КАМ“, „Кит Го“, „Тинекс“, „Веро“, „Рамстор“, „Стокомак“ и „Жито Маркети“ поднесени лани до Централниот регистар.

Овие гиганти, кои вработуваат околу 5.800 лица лани работеле со просечна профитна маргина од 3 отсто. Во споредба со 2017 година приходите од продажба на овие гиганти пораснале за 40 милиони евра. А бројот на вработени растел кај сите маркети и тие заедно во 2021 година  имаат 500 вработени повеќе во споредба со 2017 година. Карактеристично е тоа што кај сите „харддисконти“ (КАМ, Тинекс, Кит Го, Стокомак) паѓа профитот освен кај „Жито Маркети“ кој усеал да ја зголеми добивката во однос на 2017 година. Убедливо најуспешен во седморката е „Веро“ со профит од 9,2 милиони евра.

Соња Танеска

 

Tags: Бектешимаркетипрофитицени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ