Македонската демократија и начин на владеење забележува мало, но значително подобрување, за прв пат од 2010 година, оценува Фридом Хаус во извештајот „Нации во транзиција 2018“, кој ги оценува демократските реформи во 29 поранешни комунистички држави од централна Европа и Азија.
Во Македонија, според извештајот рејтингот за национално демократско владеење е подобрен од 5.00 до 4.75, поради политичката стабилизација по турбуленцијата 2015-16 и позитивните, иако ограничени, мерки на новата влада за надминување на заземањето на државните институции.
Рејтингот за независни медиуми е подобрен од 5,25 на 5,00 поради напредокот во севкупното известување во медиумите во земјата и одлуката на новиот режим да стави крај на владиното рекламирање, кое беше механизам што овозможува заробување на државата.
Како резултат на тоа, македонската оценка за демократијата се подобрува од 4,43 до 4,36. Резултат којшто земјата се уште ја става во категоријата на транзициска власт или хибриден режим.
Македонија има најдобар резултат во областа граѓанско општество, а најлош резултат во независноста на медиумите.
М. И.