• Latest

Мала енциклопедија на конзервирано лудило

July 26, 2023
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мала енциклопедија на конзервирано лудило

July 26, 2023 13:24
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Знаете што? Идејата дека Мицкоски ќе победи на следните избори и направи влада во која тој ќе биде премиер, па така ќе ја исправи земјата од „катастрофалните политики на Заев, а денес и на Ковачевски“, идеја во која ќе доминираат проруски и антиевропски елементи, Македонија во ЕУ и бетонирана во НАТО, толку многу е бизарна и пореметена, така што невозможно е да и’ приjидете од некоја рационална позиција.

За оваа идеја единствено што можете да направите е урнебесно да се насмеете.

Додека вчера ги читав изјавите на политичарите, а некои и ги запишував, десницата може комотно да аплицира на конкурс за кратка проза која уште може да ја наречеме и „Мала енциклопедија на лудилото“.

Kога го слушам Мицкоски и неговото „умно збори“, ми се присторува како да слушам современа уметност. А таа пустата изгледа како флека на ѕидот; како гулаб да ви се посрал на шофершајбна. Потоа се појавува некој историчар на уметноста, или така некој сличен балонџија, па „умно ни збори“ зошто неговите изјави за медиумите се вредни за слушање: ги објаснуваат и реинтерпретираат неговите зборови – зошто на една флека на ѕидот треба да и’ се воодушевуваме.

Со тоа, не е одредено само нејзиното значење, туку одредена е и нејзината цена, па може слободно да пристапиме на аукциска продажба – како што работи современата уметност, така работи и неговата „народна волја“. Што значи тоа? Вистински демократ, на вистинска народна волја, работи после изборите, а не пред изборите. Неслободните избори ја потврдуваат волјата на господарот, додека оние слободните, господарот ги тумачи после изборите. И на тоа работи.

Да објасниме пластично: Мицкоски дува, лаже и (пара)политичари: секаде ветува се’ – милиони и камиони. Така ја „бустира“ својата партиска волја. Таа волја ќе биде лично негова волја, а не на „целиот народ“. Тоа значи дека волјата на господарот ќе биде арбитрарна и диктаторска, бидејќи тука нема никакви граѓани кои се екипираат и работат на слободна волја, тука исклучиво имате клиентела, партиски фиќфириќи и француски собарици. Тоа, да ми простите, нема никаква врска со „народната волја“.

Покрај тоа што совршено досадно беседи, „Нема Уставни измени под Бугарски диктат“, не го спречува во Битола да се расфрла со имагинарни 40 милиони евра. Зошто имагинарни? Затоа што прво ги нема, второ работи како на берза – предвидува мајчиниот кога ќе дојде, капом-и-шаком, ќе се расфрла со милиони евра во Битола. „Бидете за мене, јас ќе ви давам пари“, вели Мицкоски најбезобразно, без скрупули и чувство за добар вкус. А, што правиме ако не биде премиер, што правиме ако неговите зборови во Битола се претворат во обична флека на ѕидот, онака како што работи современата уметност на аукциска продажба?

Мицкоски мисли дека сите граѓани во оваа земја се на берза: секој има своја цена, па оттука мисли дека се’ е на продажба. Така Груевски ги научи. Нема човек што не може за пари да се преобрати, така ги форматира најголемиот „вмроовски господар“. Идентитет, јазикот, историјата, Европа, човекови права, малцински права, тоа за Мицкоски е фолклор за масите, коски за глодање, вистинската игра, така ги научи Груевски, лежи во парите.

Но, не треба да го заборавиме и овој детаљ: медиокритетите кои својата апатичност ја компензираат со омраза кон политиката In general. Во меани зборуваат за „дојч“ автомобили, машко-женски односи, шминки и козметики, и се гордеат со својата политичка неписменост. Ваквите личности (или поточно ликови) не сфаќаат дека трошоците на животот, цената на гравот, брашното, киријата, облеката, лековите, зависат од политичките одлуки. Политички неписмената личност е толку глупава и горделива и се удира во гради зборувајќи како ја мрази политиката. Тој кретен не знае дека поради неговата игноранција се раѓа проституција, напуштени деца, и најлошо од се’: лоши политичари (а најлошите политичари се десни политичари!), корумпирани, одвратни и поткупени од „локалните“ олигарси.

Сите игноранти за викенди се опиваат со „треп“ и фолк, политика не ги интересира. Секој има своја „таблета“. Доуп, поп, дијазепам или пиво. You can name your poison, зачинет со коктел од заедничкиот банкрот.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ