Во пресрет на лидерската средба на земјите на Западен Балкан утринава со премиерот Ковачевски имавме средба со нашите стратешки партнери и блиски соработници, помошник секретарот од Стејт Департментот Џејмс О’Брајан и амбасадорката на САД Анџела Агелер, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„Убедени сме во следните чекори кои ги преземаме како одговорни лидери и политичари. Ги надградуваме нашите сојузи и креираме мостови на пријателство и соработка во регионот“.
Маричиќ додава дека Планот за раст е конкретна акција за регионална соработка на државите на Западен Балкан, која ќе ни обезбеди забрзана интеграција во ЕУ, конкретни реформи на општеството и членство во ЕУ до 2030 година.
#МКвоЕУ до 2030, реално и остварливо, пишува вицепремиерот Маричиќ.