• Latest
Фото: ВИ/А.М.

Меџити ќе ги вработи Албанците во администрација за да не емигрираат, Минчев го замоли да не живее во бајка; Македонските трговски фирми – меѓу најпрофитабилните во регионот; НАТО ги демантира гласините за повлекување на американските војници од Косово

February 21, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меџити ќе ги вработи Албанците во администрација за да не емигрираат, Минчев го замоли да не живее во бајка; Македонските трговски фирми – меѓу најпрофитабилните во регионот; НАТО ги демантира гласините за повлекување на американските војници од Косово

February 21, 2025 22:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Фото: ВИ/А.М.

Фото: ВИ/А.М.

Share on FacebookShare on Twitter

Фото: ВИ/А.М.ФотоВЕСТ НА ДЕНОТ

Министерот Минчев го замолува вицепремиерот Меџити да не се однесува како „Алиса во Земјата на чудата“

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјави Меџити.

Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа, реагира министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

„Би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување. Политиката на популистички вработувања не само што би го нарушила интегритетот на администрацијата, туку и би ги загрозила реформите кои имаат за цел создавање ефикасна, професионална и деполитизирана јавна администрација. Јавниот сектор не е предизборен пазар каде што се раздаваат работни места во замена за политичка поддршка“, вели Минчев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Антикорупциска: Патувањето на сопругата на Гаши во Вашингтон и вработувањето на сестрата на Љутков е законско

Патувањето на сопругата на собранискиот спикер, Африм Гаши во Вашингтон со пари од буџетот на Собранието и вработувањето на сестрата на министерот за култура, Зоран Љутков во Народниот музеј во Велес за Државната комисија за спречување на корупцијата е законско. Ова беа само дел од одлуките на Комисијата која на денешната седница реферираше многу предмети, а за речиси сите се прогласи за ненадлежна или ги затвори.

РЕГИОН

НАТО ги демантира гласините за повлекување на американските војници од Косово; Руте нагласува дека стабилноста во Косово е во интерес на сите во алијансата

КФОР ги демантираше информациите за можно повлекување на американските војници од Косово. Од друга страна, НАТО соопшти дека САД остануваат целосно ангажирани во Алијансата со клучна улога во мировната мисија на Косово.

СВЕТ

(ВИДЕО) Зеленски по средбата со Келог: На Украина и требаат „сигурни и јасни“ безбедносни гаранции за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше за ефективни безбедносни гаранции и враќање на затворениците за време на состанокот со специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог. Украина, исто така, го предложи најбрзиот и најконструктивниот пат кон постигнување траен мир.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каква иднина има нашата земја на меѓународен план?

ПРОПАГАНДА

Проруски тролови го критикуваат ЦИВИЛ за УСАИД – еве го одговорот

Проруските ботови секојдневно дежураат на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ / ЦивилМедиа, и неуморно тролаат под секоја објава, без оглед на темата. Коментарите се едни исти, придружени со вулгарен вокабулар, а кои се однесуваат на замрзнатата американска помош и запирањето на средствата на УСАИД, во кои тие го вклучуваат и ЦИВИЛ – Центар за слобода. Ова се фактите:

Јавноста знае дека ЦИВИЛ – Центар за слобода не е корисник на грантови од УСАИД и не е засегнат со развојот на ситуација поврзана со средства од американската помош.

Од самото основање, пред 25 години, организацијата е на мета на разно-разни тролови, на кои им пречи борбата на ЦИВИЛ за демократија и човекови права. Тие, со секоја промена на власта го „палеа“, „стрелаа“ и „затвораа“ ЦИВИЛ, му ставаа катанци на врата, а на бројните членови и поддржувачи им упатуваа закани.

Како што не им успеа да го замолчат ЦИВИЛ во предходните 25 години, колку и да се трудат, тоа нема да им успее ниту во наредните 25 години, а ни потоа.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во листата на најдоходовни фирми на земјава трговците на мало се држат одлично, дури и многу подобро од фирми што нашата свест ги прима како гиганти! Истите тие можат да се натпреваруваат и во регионални рамки. Македонските и хрватските трговци се пример за доходовност по вработен што е еден значаен индикатор. Таа моќ не може, а да не се рефлектира и по нивната позиција во однос на извршната власт, што создава сериозна криза во областа на економско-социјалните односи“, пишува Љубомир Костовски во анализата „БЛЕСКАВИОТ КАМЕН ВО КРУНАТА НА ПРОФИТЕРИТЕ: Македонските трговски фирми – меѓу најпрофитабилните во регионот“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ