• Latest

Меџити за уставните измени: Клучот е кај македонските пратеници

August 16, 2024
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити за уставните измени: Клучот е кај македонските пратеници

August 16, 2024 14:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер, Изет Меџити денеска истакна дека сите пратеници Албанци се подготвени за да ги изгласаат уставните измени ако уште утре се закаже собраниска седница. Тој потенцира дека клучот за оваа прашање е кај македонските пратеници и посочи дека на оваа чувствителна тема работат со нив заедно со меѓународната заедница.

-Во последните четири години господинот Ахмети зборуваше, но ниту еден милиметар не помрднал. Сега Влен ја има шансата и Влен си го прави своето. Второ, ние правиме колку што ни припаѓа. Не сакаме да ја лажеме јавноста. Сите пратеници Албанци, на број се 30 пратеници и ако уште утре не покануваат на седница ние сме подготвени да ги изгласаме уставните измени. Клучот е кај македонските пратеници. Работиме со нив заедно со меѓународниот фактор, без да ги допираме во чувствителноста бидејќи се работи за идентитет, јазик и ги разбираме како сограѓани затоа што ние знаеме многу добро што значи тоа. Но, ова е единствениот пат и алтернатива да се оди кон Европската унија, рече Меџити.

Тој нагласи дека секојдневно се фокусирани на прашањето околу европската агенда и уставните измени.

-Секојдневно се фокусираме на уставните измени и на европската агенда, но не како овие другите кои во изминатите осум години постојано го злоупотребуваа фронтот, се нарекуваат Европски фронт но го злоупотребија европското знаме и европската агенда. Ниту еден милиметар не ја поместиле работата во оваа насока. Правило во демократијата е дека опозицијата мора да молчи во првите 100 дена, но тие не молчат. Тие се гласни, но не оти се грижат за европската агенда, туку за себе им е гајле, рече тој.

На новинарско прашање дали има информации околу најавите на ДУИ за протести за дестабилизација на државата, Меџити потенцира дека Албанците немаат ниту желба, ниту посакуваат да протестираат и да демонстрираат кога немаат политичка кауза.

-Точно е дека им е тешко да се соочат со новата реалност после 20 години да бидат опозиција, но уште еднаш ќе ги повикам да се вратат на себеси, да се реформираат, нова програма, нови идеи ако сакаат да се вратат некогаш како значаен фактор во општеството. Во спротивно, мислам дека Албанците немаат ниту желба, ниту посакуваат да протестираат, да демонстрираат кога немаат политичка кауза. Нивната кауза е да се спасат „Соравија“ и сите коруптивни зделки, така што тоа нема ништо заедничко со албанските интереси или пак со албанската кауза. Значи, што и да е, немаат никаква поддршка кај членството и кај Албанците. Секој што ќе мисли за нешто друго сигурно знаат дека тоа не оди во нивен прилог и ќе се соочат со последиците, рече Меџити. /МИА

Tags: АлбанциВЛЕНДУИЕУИзет МеџитиМакедонциуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ