• Latest

Медиумите да известуваат професионално, без заземање страна

July 31, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Медиумите да известуваат професионално, без заземање страна

July 31, 2018 13:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да емитуваат пораки насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјата, кон поттикнување, повикување или кон разгорување воена агресија, говор на омраза или да поттикнуваат национална, верска, расна и етничка омраза, ксенофобија или други форми на омраза, повика денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Имајќи предвид дека станува збор за исклучително важно прашање, очекуваме медиумите да се однесуваат согласно улогата што ја имаат во развојот и непреченото одвивање на демократските процеси, односно дека ќе се придржуваат до начелата за праведно, избалансирано и непристрасно известување преку создавање услови за еднаков пристап до медиумите на заинтересираните страни, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.

Тој појасни дека АВМУ има изработено препораки, кои сега се во нацрт верзија, за известувањето на медиумите за референдумот. Препораките, рече, ќе бидат финални после 17 август откако детално ќе бидат разгледани сите забелешки и предлози, што можат да ги даваат и самите медиуми.

Од Агенцијата очекуваат непристрасно и ненаметливо известување, медиумите да не го наметнуваат своето мислење во информативните изданија и да го покриваат референдумот во согласност со одредбите и принципите утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и Законот за референдум.

Трајчевски рече дека за време на кампањата може да се објавуваат анкети, но оти јасно треба да се наведе нарачателот, институцијата која го спровела, периодот на спроведување, применетата методологија и големината на испитаниот примерок. Анкетите можат да бидат пуштени во етерот најдоцна пет дена пред референдумот.

Со препораките се регулира платеното политичко емитување кај комерцијалните радиодифузери, како и однесувањето на јавниот сервис, кој има обврска да емитува програми за информирање на граѓаните за начинот и техниката на гласање, да ги покрива сите аспекти на референдумот. Тој треба да организира стручни дебати и  емисии за референдумот, од повеќе аспекти.

Сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот, потенцира Трајчевски,  мора да завршат најдоцна 48 часа пред денот на гласањето. За време на референдумскиот молк, радиодифузерите треба посебно да внимаваат, до завршување на гласањето да не емитуваат информации, изјави, соопштенија и други облици на известување со кои може да се влијае врз одлуката на граѓаните.

Одлуката за распишување референдум ја донесе вчера македонското Собрание. Референдумот треба да се одржи на 30 септември, а граѓаните треба да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. (МИА)

Tags: ГрцијаДоговор со ГрцијаМакедонијаМедиумиреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ