• Latest

Меѓаши за ЦИВИЛ Медиа: Ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна заедница до 18 години

August 11, 2024

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Меѓаши за ЦИВИЛ Медиа: Ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна заедница до 18 години

August 11, 2024 09:13
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Детската амбасада Меѓаши во интервју за ЦИВИЛ Медиа велат дека во своите годишни извештаи за работата на АлоБушавко – телефонот за деца и млади ги опфаќаат дојавите за сите видови на злоупотреба на деца. Согласно извештајот за 2023, на телефонот за деца и млади немаат добиено дојави за малолетнички брак. Додаваат дека Детската амбасада е 24/7 достапна за психосоцијална поддршка на децата и младите, вклучувајќи ги и децата жртви на малолетнички бракови.

Од Меѓаши велат дека и покрај малиот број на дојави за оваа проблематика споредбено со другите предизвици со кои се соочуваат децата, секогаш постои можност за подобрување на соработката со и помеѓу државните институции, особено во делот на мапирање на потребите на семејствата во ризик и трансгенерациската традиција.

„Повеќе од потребно е да се најдат и законски, но и акциски решенија за оваа категорија малолетници што се принудени да влезат во брак, да се преземат соодветни мерки и да се почитува правото на децата да пораснат“, велат од Меѓаши.

На прашањето дали постојат шелтери, односно згрижувачки ентитети за сексуално злоупотребените деца (од педофилија, до семејно сексуално насилство, до малолетнички бракови), од Меѓаши велат дека во моментов постојат шелтери за жени жртви од семејно насилство во Македонија.

„Истите се само ресурс, но не и решение на оваа проблематика. Освен што не треба да се враќаат децата жртви кај родителите/старателите, туку на истите треба да им се пружи дополнителна психо-социјална поддршка за полесно надминување на траумата со која се соочуваат, со што повеќе од потребно е воспоставување на еден мултисекторски механизам на држвните инситуции за оваа и многу други проблематики во кои се случува злоупотреба врз деца. Една од препораките на УНИЦЕФ токму на оваа тема е: „Воспоставувањето на мултисекторски механизам и вклучувањето на релевантните носители на одлуки ќе обезбеди заштита на правата на малолетниците во раните бракови. „Преку овој механизам би им се овозможило на мажите и на жените да го продолжат своето образование преку давање совети за брачни односи, имотни права и права за репродуктивно здравје“, велат од Детската амбасада.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со години вниманието го насочува кон проблемите што се појавуваат од малолетничките бракови и бракови под принуда. „Меѓаши“ смета дека треба да има измени и дополнувања во законот во Македонија дека ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна зедница до наполнување 18 години. Дополнително, со завршувањето на задолжителното средно образование младите не само што ќе го прекинат синџирот на неписменост, сиромаштија и злоупотрба на трудот туку ќе им се даде и сериозна можност со едукација, барем да се намали бројката на малолетничките бракови. Токму затоа Меѓаши и во следниот период ќе продолжи со иницирање, апелирање и лобирање за влијанието и последиците врз децата жртви при склучување на малолетнички бракови, а во следниот период во соработка со општина Дебар ќе се одржат активности токму на оваа тема.

Дехран Муратов
фото: Wikimedia commons

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ