• Latest

Меѓу реалноста и недостатокот од кредибилитет

November 1, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓу реалноста и недостатокот од кредибилитет

November 1, 2018 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, вчера за време на собраниската седница за пратенички прашања, рече дека за време на референдумот на некои избирачки места за половина час „гласале“ 500 луѓе, а не се ни потпишале на избирачкиот список и дека кутиите биле наполнети со 50.000 ливчиња.

На тоа премиерот Зоран Заев изјави дека ниту поддржувал, ниту сакал во својата земја од кој било човек да се случуваат такви работи и дека секогаш ги осудувал и дека ќе продолжи да ги осудува.

„Сè што до сега е пријавено е процесирано. Апелирам до сите институции кои не се под моја надлежност да си постапат по слово на закон. Тој што полни кутии ги полни да добие резултати. Референдумот беше консултативен, не сме имале никаква мотивација да полниме кутии. Сакавме секој кој сака да учествува, да излезе и да го даде мислење за правецот на државата“, изјави Заев.

Ѓорчев го праша Заев што направила новата Влада за албанските граѓани, за кои потенцираше дека вршат масовен егзодус и преселба од државата.

Заев изјави дека не ги дели граѓаните по етничка основа и работи на унапредување на условите на живот на сите граѓани и додаде дека сите подеднакво ќе ги чувствуваат придобивките.

„Минатата 2017 година ја завршивме со 83 проценти реализација благодарение на тоа што го плативме долгот. Но, како нова Влада не затекнавме проекти. Сега имаме проектна документација, имаме спроведени тендери и токму тоа е причината за нашиот оптимизам дека ќе се раздвижи состојбата. Пријатели сме со соседите, интеграциите се извесни и сето ова не става во позиција фокусот да биде на економијата и да покажеме резултати со бенефит и чувство кај  граѓаните, преку БДП или реализација на капиталните инвестиции“, изјави премиерот Зоран Заев, како одговор на прашањето на пратникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на вчерашната собраниска седница, која беше посветена на пратенички прашања за економските индикатори, капиталните инвестиции, БДП, долгот во државата, како и севкупните инвестиции и економски параметри.

Заев истакна дека капиталните инвестиции се 390 милионии евра во Буџетот на Република Македонија од кои 23 милијарди и 500 милиони денари предвидени во буџетот, 12 милијарди денари се кредити, што се однесуваат на  железниците и на гасификацијата, а останатите безмалку 200 милиони евра се изворни буџетски приходи. Во севкупните капитални инвестиции, појасни, со најголем процент учествуваат железниците, гасификацијата и патиштата, а потоа следуваат училиштата, детските градинки, водоводите, амбулантите, одредени административни згради на МВР, на одбраната и згради од областа на културата.

Тој додаде дека во севкупната реализација најголем дел од нерелизирани капитални инвестиции се во делот на железницата и на гасификацијата, и дека стопирањето на гасификацијата на Водно е најголемиот проблем за реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата

„По пат на дијалог, прашањето за важноста за животната средина го разговаравме со месеци, за да имаме инклузивен процес. И се гради.  Се гради на три делници од оваа голема делница што води кон Скопје, Гостивар и Тетово, а паралелено и на втората што води кон Прилеп и Битола.  На крајот на годината стигнуваат завршните изведби и очекуваме врз основа на тоа, тој процент на капиталните инвестиции, да порасне“, додаде Заев.

Во однос на изградбата на новиот клинички центар, Заев изјави кога ќе се направат потребните анализи ќе ги соопштат и ќе отворат транспарентна дебата, и дека секоја идејаи предлог ќе бидат добредојдени. Тој додаде дека инвестицијата за проектот ќе биде 450 милиони евра и дека се разгледуваат три локации: Бардовци, Петровец и Ѓорче Петров.

Според премиерот, одлуката новиот Клинички центар да не се гради во Бардовци е донесена со помош на меѓународни експерти, а причината за отфрлањето на оваа локација е малиот, збиен простор како „тесно грло“.

„Не треба да градиме по која било цена, особено ако проектот нема капитален развој. За новиот клинички се предвидени 120.000 метри квадратни. Формирана е комисија која како локации ги разгледува Бардовци, Ѓорче Петров и Петровец“, истакна Заев.

Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ, го праша премиерот и за парите за општините и побара од него да наброи кои фабрики почнале да се градат откако СДСМ се на власт.

„Владата сака да се фали со извоз и со странски директни инвестиции. Факт е дека има покачување во степенот на странски инвестици, но најголем дел, над 52 отсто, тоа не се пари што доаѓаат од странство, туку од реинвестирана добивка создадена во фабриките изградени во времето на претходната влада“, посочи Димовски.

Одговарајќи на прашање на пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ во врска со експерите ангажирани во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти што го формираа Македонија и Грција, Заев рече дека дел од членовите од македонска страна се универзитетски професори и оти за такви комисии никогаш немало конкурси.

„Заедничкиот македонско-грчки комитет на експерти на Македонија и Грција не може да почне со работа пред ратификацијата на Договорот од Преспа во двете земји“, изјави Заев. 

Премиерот истакна дека Договорот прецизира во кои области ќе работат комисиите и дека целта е да се остранат сите оние работи кои предизвикале иредентизам или се спротивни од желбата за градење на пријателство.

„Убедени дека низ пријателството ќе отвориме други перспективи за многу граѓани, пред се, граѓани и од Македонија и од Грција што дефинитивно ќе биде од помош во сите сфери од општественото живеење“, додаде Заев.

На забелешката на пратеничката, премиерот кажа дека може да биде предложен експерт и дека доколку може комисијата ќе биде дополнета.

„Целта е и преку овие стручни комисии да ги извадиме аргументите на двете страни. Преку аргументите и преку филозофијата на пријателството идно, да ги изнајдеме начините“, рече премиерот.

А. Петровска

 

Tags: Влада на Република МакедонијаВладимир ЃорчевВМРО-ДПМНЕЗоран ЗаевИлија ДимовскиКлинички центарМагдалена Манасковапратениципратенички прашањаСобрание
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ