• Latest

Мирен марш во Скопје за прекин на војната во Украина, ЦИВИЛ со порака – Сопрете го Путин! Слободата и мирот за Украина се слобода и мир за целиот свет!

February 25, 2022
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мирен марш во Скопје за прекин на војната во Украина, ЦИВИЛ со порака – Сопрете го Путин! Слободата и мирот за Украина се слобода и мир за целиот свет!

February 25, 2022 17:37
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Со пораките „Путин – фашист“, „ЕУ разбуди се“ – одржан мирен марш во Скопје за прекин на војната во Украина

Украинците кои живеат и работат во Северна Македонија, но и граѓанки и граѓани, активист(к)и и неколку политичар(к)и кои ја поддржуваат иницијативата, денеска учествуваа на мирен протестен марш од плоштадот Македонија до Руската амбасада во Скопје.

Пред амбасадата на Руската Федерација во Скопје тие скандираа „Путин – фашист“ во знак на протест против руската инвазија на нивната татковина која започна вчера. Со украински знамиња и пораки „Бидете смирени и сакајте ја Украина“ од Скопје се упати порака до Русија да ја прекине војната.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ: Сопрете го Путин! Слободата и мирот за Украина се слобода и мир за целиот свет!

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја осудува воената агресија врз Украина што започна на 24 февруари. Воените операции извршени уште во првите часови од целосната инвазија врз оваа земја сеат страв и ужас кај цивилното население со очигледна намера животот на цивилите да се претвори во оружје на војната.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВОЈНА Првите руски воени единици навлегоа во Киев, соопшти украинското Министерство за одбрана. Руски „саботери“ веќе бие забележани во областа Оболон на север во главниот град, објави Министерството преку Фејсбук. Информацијата се уште не е потврдена од независни извори. Во моментот таму се водат борби.

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Н.Е. Наталија Задорожњук, во потресното обраќање до мадедонската јавност повика за поддршка за украинскиот народ во нивната борба за зачувување на слободата на државата:

„Ова не е само руска инвазија во Украина, ова е почеток на војната против Европа. Против единството на Европа. Против основните човекови права во Европа. Против сите правила на соживот на континентот. Против тоа што европските држави одбиваат да се делат, а имено да се делат границите со употреба на сила“, изјави денеска во своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави нови остри санкции, кои имаат за цел да ги отсечат најголемите руски банки и некои олигарси од  глобалниот финансиски систем и да ја спречат земјата да увезува американска технологија клучна за нејзината одбрана, воздушната. и поморските индустрии, пренесува ЊуЈорк Тајмс.

САНКЦИИ Вчера се придруживме на санкциите на ЕУ кон Русија, меѓутоа се придруживме и на сите рестриктивни мерки што ЕУ ги воведе од 2014 година кога беше анектиран Крим, со цел да ја одвраќаме Русија од продолжување на овој воен конфликт, изјави шефот на дипломатијата Османи.

ЕКОНОМИЈА Европската комисија објави инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за унапредување на одржливо поврзување во Западен Балкан.

Пендаровски, Џафери, Ковачевски, Петровска и Груби говорат за руско – украинската криза за ЦИВИЛ

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација за човекови права и слободи и ЦИВИЛ Медиа како дел од медиумската платформа на организацијата будно ги следи актуелните случувања со руско – украинската криза, со редовно известување и анализирање на состојбите, на дневна основа.

Два дена пред воениот напад врз Украина од страна на Руската Федерација, ЦИВИЛ испрати прашања до Владата, претседателот на РСМ, претседателот на Собранието на РСМ, сите министерства и сите политички партии, за нивниот став за признавањето на регионите Донбас и Луганск, и наредбата за директна руска воена интервенција во Украина, и за тоа како ќе влијае воената ескалација во Украина на економските и општествено-политичките состојби и процеси во Северна Македонија и земјите на Западен Балкан.

Стево Пендаровски – претседател на Република Северна Македонија: Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата

„Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, истакна Пендаровски.

Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ: Украина е оштетена, ние треба да бидеме претпазливи во контекст на безбедноста

„Треба да се биде претпазлив и во контекст на безбедносните напори. Ние сме членка на НАТО, имајќи предвид дека правиме напори за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, не се сите задоволни и не го прифаќаат сите нашиот напор и нашата определба да бидеме членки на ЕУ и во тој контекст импликациите се ако не директно, тогаш индиректно секако дека може да имаат влијание врз нашите напори“, вели меѓу другото Џафери.

Славјанка Петровска, министерка за Одбрана: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост

„Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост. Тоа го потврдуваат институциите задолжени за внатрешната безбедност“, вели Петровска.

Артан Груби, прв Вицепремиер: Силно ја осудуваме одлуката на Русија, се превземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста на нашата земја

Треба да се каже во политичкиот дел дека будно се следат работите, од домашни институции и од НАТО, и дека се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста“, посочи меѓу другото Груби.

Димитар Ковачевски, претседател на Владата: Се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста

„Што се однесува до економските импликации, во моментов и согласно сегашната состојба и сознанија, проценката е дека може да се очекува некое минимално влијание на металопреработувачката и градежната индустрија како најголеми увозници на украински производи од железо и нелегиран челик. Во случај на поголема ескалација, за очекување е дека овие сектори можеби ќе треба да бараат алтернативни пазари за овие производи.

ЦИВИЛ очекува уште многу одговори од сите засегнати на кои им испративме прашања, а кои ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ денеска излезе со соопштение и видео обраќање во кое ја осудува воената агресија врз Украина што започна на 24 февруари.

„Воените операции извршени уште во првите часови од целосната инвазија врз оваа земја сеат страв и ужас кај цивилното население со очигледна намера животот на цивилите да се претвори во оружје на војната.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски на панелот на ЦИВИЛ „Информациски хаос: Трендови и перспективи“ посочи дека дезинформацискиот хаос во Северна Македонија е реален проблем и дека треба заеднички да се решава.

Jас ќе го повторам тоа што го кажувам со години, закони има, но треба да се почитуваат, вели главната уредничка на Порталб, Елида Зулбеари на панелот на ЦИВИЛ „Информациски хаос: Трендови и перспективи“, што се одржа на 23 февруари 2022.

 

 

 

ДИСТРИКТ

Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Дехран Муратов, новинар, уредник, граѓански активист, хуманист, борец за право и правда, за едно општетсво за сите зборува за Цивил и за себе, за општетсвото и нееднаквоста, за дискриминацијата и институциите, за новинарството, интернетот,  лажните вести и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

Тања Кармзова Костиглиола

„Досега, воените и политичките експерти целосно ги промашија прогнозите. Мислам, или поточно – се надевам дека ја промашуваат и оваа поновата прогноза со којашто се стравува од нуклеарна војна, што дефинитивно никому не му е од корист, па ни на Путин. Но, дефинитивно институционалната параноја на рускиот претседател и бизарното однесување на големите лидери го туркаат човекот во колективна параноја во којашто од вчера има побарувачка за јод во аптеките, што сметам дека е доволен доказ за длабокиот немир со кој моментално живее“, пишува Тања Кармзова Костиглиола во колумната „Русија – Украина и општото заложништво на Европа“.

Д. Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ