• Latest

Мониторинг на ЦИВИЛ: Топ 10 говор на омраза во 2024

January 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Мониторинг на ЦИВИЛ: Топ 10 говор на омраза во 2024

January 8, 2025 12:23
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатата 2024 година имаше огромен број на говор на омраза на социјалните мрежи, особено ако се земе предвид дека беше изборна година.

Во продолжение објавуваме Топ 10 Говор на омраза објавени на ЦИВИЛ Медиа во 2024.

Ужасен говор на омраза на социјалните мрежи: „Денес Вевчани, утре Муртино!“

Екстремен говор на омраза, лавина гнасни коментари, ситење, обид за политичко профитирање по несреќниот случај во кој животот го загуби 19 годишниот син на поранешниот пратеник, Крсто Мукоски.

Движењето „Бојкотирам“ на својот Фејбук профил објави гнасна, бедна и мизерна објава:

„Денес Вевчани, утре Муртино! Вечерва е Стара нова година со песната „Проклети да се предавниците“. Го чекаме денот кога со огномети ќе организираме забава за племето од Муртино“!

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки во дворот на две училишта во Кочани

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки го „красат“ училишниот двор на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ и средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои екипата на ЦИВИЛ ги забележа и документира на 3 декември 2023 година.

Стрелање, „метак у глава“ и „народен суд“ – дел од заканите по животот на Џабир Дерала и тимот на ЦИВИЛ

Продолжуваат заканите со убиство кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. На објавата на линк од текст за прес конференцијата на ЦИВИЛ за изборниот мониторинг на Фејсбук профилот на Новатв.мк, од профилот „Маја Врљковиќ“ беше напишан коментар:

„Во овие услови само за метак у глава на Дерала може да се говори“.

Во друга објава каде што се презентира извештајот од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, профилот „Тони Моневски“ коментира: „Тие од Цивил треба пред народен партизански суд како во 1945 да бидат извадени. Тие се грко-балистички северџани, само доживотен затвор за предавниците“.

Профилот „Илија Лазаров“ коментира: „А бе вие сеете отров, омраза е мал збор збор за вас, се ви се чисти повраќаници, немате мерка“!

Фејсбук страницата Кичево објави колаж од „предавниците“ со пораката „Сите ќе ве стреламе“.

Меѓу „предавниците за отстрел“ се: претседателот на државата Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, челниците на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери и Артан Груби, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, претседателот на Украина, Володимир Зеленски како и активистите на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и Дехран Муратов, и други.

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ, геноцидот во Сребреница е некрофилски дизниленд

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, геноцидот во Сребреница е „некрофилски диздиленд“, откако екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави за коспонзорство на нашата земја во Обединетите Нации (ОН) за прогласување меѓународен ден на геноцидот за Сребреница.

„За македонското коспонзорство на Резолуцијата за Сребреница утре ќе читате и слушате. Првиот одговор на прашањата беше во стилот дека без оглед на тоа што во иднина ќе се случува со регионот, Србите, некрофилскиот дизниленд Сребреница… фактот дека Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво, спротивно на волјата на македонскиот народ кажува колку Македонија и нејзината државност паднала на ниски гранки… поразително нели?“, напиша Стоиљковиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол во Гостивар

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста, објави Фронтлајн.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.

– Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Која е нинџава“ – говор на омраза кон првата пратеничка со шамија Имрлије Салиу-Фетаи

Експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи кон првата пратеничка со шамија Имрлије Салиу-Фетаи, во Собранието на Република Северна Македонија.

Основачот на Македонската заедница во Малта, Максимилијан Казаков, на својот Х профил објави фотографија од пратеничката Салиу Фетаи, со коментар: „Боже ме сачувај… До кое ниво сме дојдени. Сите одат напред ние уште вакви во собрание почнавме да имаме“.

Оваа објава предизвика низа на коментари со говор на омраза кон пратеничката Салиу.

„И фереџе мрежа нека стави на очи. Ужас. Каде наоѓаат вакви“;

„Која е нинџава“;

„Најсмешно е кога ќе видам забрадени цигани со забулени циганки“;

„Маж и знае каде е? Дома нема право на збор, па да си каже у собрание“… се само дел од коментарите кои се упатени кон пратеничката Салиу.

Одново сега знамето се вее над Кораб

Извесен Изет Шулку од Пешкопеја, албанска област Дебар го симна државното знаме и на врвот закачи знаме на Република Албанија. Шулку во својата објава истакна дека Кораб е албанска територија и нема место за македонско знаме.

Веднаш потоа група македонски планинари го вратија македонското знаме на највисокиот планински врв на Северна Македонија, Кораб. Планинарите се искачиле на врвот и го ставиле знамето на Македонија, а во постот на социјалната мрежа на Инстаграм е посочено: „Македонија секогаш имала храбри синови!

Отстранувањето на македонското знаме од Кораб, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза.

Свеж графити, стара болка: Графити со говор на омраза во Маџари

Вo населба Маџари, Општина Гази Баба, киното Маџари доби нов лик со голем и видлив графити: МРТОВ ШИПТАР, ДОБАР ШИПТАР („Шиптар“ се смета за погрден и навредлив назив за Албанците кога се користи во другите јазици).

Овие графити се видливи од улицата, упатувајќи недвосмислена порака до сите кои поминуваат од таму и „гордо“ го претставува дискурсот на етничката омраза што им се наметнува на граѓаните.

Експлицитен говор на омраза и повик на насилство: „Ќотекот (на Села) е произлезен од Рајот“

Профилот Марга@МКДПроЛет, познат по ултранационалистичките објави, а кој го поврзуваат со пропагандната мрежа блиска до ВМРО-ДПМНЕ, објави две фотографии – една од гостувањето на Зиадин Села од Алијанса за Албанците и од Европскиот фронт во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 и една од претепувањето во Собранието на 27 април 2017 година, придружени со пораката: „Ќутекот е излезен од Рајот“, Евангелие по Св. Петар 1:13:5. Мониторингот на ЦИВИЛ ја оценува оваа објава како експлицитен говор на омраза и директен повик на насилство.

Јавното обвинителство по 9 месеци одлучи дека заканата со „куршум“ за Дерала е „новинарско препукување“, продолжија повиците за „метак у глава“

На почетокот на октомври ЦИВИЛ доби известување за пристигната пратка. Пратката што беше подигната се состоеше во писмо од Јавното обвинителство. Ја пренесуваме во целост без редакциски интервенции:

Скопје, 17.09.2024 година

Во врска со Известување рег. бр. 23.14-9221/1 од 24.01.2024 година, поднесено од МВР, БЈБ, Сектор за компјутерски криминал со ЦД, до ова Јавно обвинителство, а кое се однесува на поднесена пријава лично од Вас, и во име на правното лице „Цивил“ – Центар за слобода, преку e-mail адреса: civil.macedonia@gmail.com, против лицето за кое се претставувало како Александар Антиќ, поради смртни закани упатени на социјалната мрежа „Facebook“ кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, се утврди дека објавениот коментар од лицето лице, Александар Антиќ, било новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот, Џабир Дерала, како и поради недостигот на докази за точната ИП адреса од каде е објавен коментарот, наоѓам дека, нема место за јавно обвинителско постапување.

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Анел Фидоски

Ова е повод уште еднаш да се проговори за жестокиот говор на омраза и заканите што со години се упатуваат на адреса на колегата Џабир Дерала, како и на други членови на ЦИВИЛ како организација или до новинарската екипа при ЦИВИЛ МЕДИА.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ