Најчеста мета на националистите се оние општини во кои што велат : Ние немаме проблем со мултикултурализмот, ние сме „чисти“, вели новинарот и активист Дехран Муратов, од ЦИВИЛ на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“, која се одржа на 16 мај 2023 година.
„Тие се проблемот. Затоа кога тие ќе дојдат во Скопје , или ќе отидат во мултикултурни општини, кога ќе го слушнат езанот (повик за молитва) им е чудно, па прават кампања како не можат да спијат во 4 сабајле. Или пак кога ќе ги слушнат камбаните од црквите, кога ќе дојдат од некое друго место, исто така им е проблем“, вели тој
„Ние имаме проблем да ги едуцираме тие луѓе, дека постојат и камбани, постои и езан, постојат и други верски обреди кои што треба да се почитуваат. И најлесно националистите стигнуваат до тие граѓани кои што немаат допир со другите“, нагласува Муратов.
Д. Мишев
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фото: Биљана Јордановска