• Latest

На трибината на СДСМ се отпеа ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО по повикот на Цивил за промоција на европски вредности

December 17, 2022

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На трибината на СДСМ се отпеа ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО по повикот на Цивил за промоција на европски вредности

December 17, 2022 20:56
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ одговори на повикот на Цивил за промоција на европските вредности преку изведување на евергринот ИНСИЕМЕ , кој неодамна доби верзија на македонски јазик.

Вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Скопје, заврши токму со изведба на оваа песна. Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек. Цивил ги повика сите политички партии во земјата да станат дел од оваа иницијатива, јасно да ги артикулираат своите ставови и дадат конкретен придонес кон македонската иднина во Европската Унија.

„Партиите можат својата поддршка за проевропската иницијатива да ја изразат и преку соопштение до јавноста во која ја изразуваат поддршката за Иницијативата на Цивил за општествено и политичко обединување за европската иднина, изразено и преку продукција на македонската верзија на песната Инсиеме/Заедно“ – се вели, меѓу другото, во јавните повици од организацијата.

Цивил ги повика политичките партии да ги остават меѓусебните препирки настрана и да се согласат околу членството во ЕУ.

„Без оглед на разликите во политичките програмски определби, без оглед на разликите во ставовите и честите препирки во јавноста, најголем дел од политичкиот естаблишмент во нашата земја се согласува барем во едно, а тоа е членството во ЕУ“ – истакнуваат во Цивил.

Неодамна, повеќе од петнаесет познати ѕвезди на музичката и актерската сцена учествуваа во иницијативата на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“, песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година.

Кристина Арнаудова, Адријан Азири, Тијана Тодевска, Ана Стојановска, Мики Јовановски Џафер, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Јована Спасиќ се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик.

Веднаш по упатениот повик, својата поддршка преку социјалните мрежи досега ја дадоа најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, владејачката партија СДСМ и Алтернатива.

Tags: ЕУЗаедноинтеграцииобединувањеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ