„Секојдневно се делиме по етничка основа, по верска припадност, по партиската книшка, по социјалниот статус. Се делиме по сите можни основи. А можеме да си поделиме меѓусебна почит, љубов и хуманост, солидарност и емпатија. Без разлика на различностите. Само ако пробаме, ќе видиме дека нема да умреме, туку напротив ќе оживееме. Од нас зависи!“, пишува Перо Костадинов, градоначалникот на општина Валандово.