• Latest

Настани што ја одбележаа неделата

November 17, 2019

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Настани што ја одбележаа неделата

November 17, 2019 12:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната недела од 11 до 16 ноември 2019 ја одбележаа многу настани од политичката и општествена сцена во Република Северна Македонија. Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа направи кус преглед на најактуелните случувања од минатата недела, како потсетник за читателите.

ХОЛАНДИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО

Холандскиот сенат во понеделник, на 11 ноември 2019,  го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. По добивањето зелено светло од Холандија, Протоколот за НАТО ќе треба да го ратификуваат уште Франција и Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.

БУЏЕТОТ ЗА 2020 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 3,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Педесет и шест отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ СОБИРИ

По бурните  реакции во јавноста предизвикани од новите предлог измени на Законот за јавни собири кои Владата ги предложи до Собранието на Република Северна Македонија, таа експресно ги повлече овие предлози.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НА СРЕДБА СО МАКРОН

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, по средбата со неговиот француски хомолог Емануел Макрон, порача дека има „отворен и динамичен“ разговор, но гаранции за датумот од Париз сѐ уште нема. Макрон бара време за внатрешната реформа на ЕУ.

НИКОЛА ГРУЕВСКИ НЕМА ДА СЕ ГОНИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРАЕКТОРИЈА“ БИДЕЈЌИ ДЕЛОТО ЗАСТАРЕЛО

Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, за изградба на кинеските автопатишта во земјава. Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше.

ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ИЗБРАА ЗЕЌИР РАМЧИЛОВИЌ ЗА НОВ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РСМ

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието го избраа незавинсиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ за нов потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Тој доаѓа на местото на Весел Мемеди, а беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

НАЈАВА ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари.

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ИЗНЕСУВА 14.500 ДЕНАРИ

Собранието со 59 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“, попладнево го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка. За предлог законот не гласаа пратениците од ВМРО -ДПМНЕ и пратеници од други опозициски партии.

КАМЧЕВ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА, НЕЈЗИНИОТ СИН И ЗА ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА

Јордан Камчев пред Кривичен суд

Орце Камчев  поднесе кривична пријава против Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова. Според напишаното во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, а како што пишува, имале за цел да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.

ДКСК ГИ ЗАТВОРИ ПРЕДМЕТИТЕ ПРОТИВ АНЃУШЕВ И МИЦКОСКИ

Државната комисија за спречување на корупција донесе одлуки за затворање на предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали.

Марш на толеранцијата во Скопје: Едукација без дискриминација

По повод 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранцијата, во Скопје се одржа Марш на толеранцијата, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ХАЈРЕДИНИ: БУЏЕТОТ РАСТЕ, А СРЕДСТВАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ СЕ ПРЕНАМЕНУВААТ ЗА ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ

За новиот предлог-буџет на Владата за 2020 година, ребалансот на буџетот и прогресивниот данок, зборуваме со Џевдет Хајредини, финансиски аналитичар и еден од првите министри за финансии во Македонија.

ЈОВАНОВИЌ: ОД ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ ДА СЕ ИСКЛУЧИ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ НА ВИСОКОПРОФИТАБИЛНИТЕ КОМПАНИИ И ВИСОКИТЕ ПЛАТИ

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бранимир Јовановиќ за Предлог-Буџетот за 2020 година, што значи тоа за македонската економија, како и за предлогот на Владата да се укине прогресивниот данок.

СКЕН – ПОЛИТИЧКИ ВИДЕО МАГАЗИН НА ЦИВИЛ

Екипите на ЦИВИЛ минатата недела објавиja три изданија на политичкиот видео магазин СКЕН, што е дел од проектот Граѓански објектив. Темите во две изданија се поврзани со изборите, а инклузијата на лицата со посебни образовни потреби во редовниот образовен систем, во другото издание.

Во изданието под наслов „Предвремени парламентарни ибори: Брзи, но одложени!“, меѓу другото, се вели:

Имаме предлог за брзи предвремени парламентарни избори, за тие потоа да се претворат во одложени предвремени избори за речиси половина година по предлогот за избори и на помалку од половина година пред редовниот термин за избори кој, исто така, претходно беше поместен од декември на октомври 2020 година.и

Во изданието под наслов „Инклузијата меѓу декларациите и реалноста“ се вели:

Дали македонското општество е поготвено за тотална инклузија? Дали образовниот систем е подготвен да одговори на задолженијата предвидени со новиот закон? Кои чекори се потребни за целосна имплементација на законот?

Во изданието „Изборни реформи без реформи“ се говори за опструкциите, калкулациите, предлозите за промена на изборниот модел, една наспроти 120 изборни единици, препораките на ЦИВИЛ, безуспешни лидерски средби…

МИСЛА НА ЦИВИЛ МЕДИА

Една од најчитаните рубрики на ЦИВИЛ МЕДИА секако е МИСЛА, простор каде што се објавуваат ставови, коментари и анализи од познати и признати креатори на јавното мислење во земјава, па и пошироко. Во овој преглед, објавуваме листа на авторите и текстовите во оваа рубрика во изминатите 7 дена.

РАФАЛ – Џабир Дерала:

Берлин, градот на слободата

Сликички од галеријата на мракот

Добро утро со Орданоски – Сашо Орданоски:

Понижени, навредени, победници?

Макрон и Вучиќ, то су срца два

Скандалот наречен македонско образование

А да ја одмориме кокошката и да се зафатиме со јајцето?

Митко Јанчев е од Венера, ВМРО-ДПМНЕ од Марс!“

Од корнер – Зоран Иванов:

Голема мака со малиот Шенген

Со кого си, таков си

Кога врбата ќе роди грозје

Македонија е голема, но тој испадна мал

Поенти – Џевдет Хајредини: Зошто Ставрески сакаше да му ја скрши главата на Груевски и други кратки приказни

Миднајт Експрес – Петрит Сарачини:

Војната на световите наспроти војната на црешите

14 Ноември, заборавениот роденден на Кодексот на новинарите на Македонија

Ве иритира вистината?

Милан Банов: Роденденска свеќичка за Скопје

Хусеин Адеми: Абе, како му беше името, Макрон, Орбан, или Грујо?

 

Подготви: Дијана Тахири
во соработка со Биљана Јордановска, Маја Ивановска, Дехран Муратов, Ангела Петровска, Ариан Мехмети и Атанас Петровски. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ